Mercedes-Benz O 350 Tourismo

MAN

Mercedes-Benz 304

 TELEPHONE
++389 (0)47 228 185
++389 (0)75 416 177
 
TC. PELAGONKA 2
KLIMENT OHRIDSKI BB
 
7000, BITOLA
R. MACEDONIA

САД

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ВИЗА:

  • F-1 и M-1 виза- Студентска
  • “SEVIS” административна такса се наплатува од 1 септември 2004.
  • Студентите и тие кои учествуваат во програмата за научна и културна размена треба да ги пополнат апликациите, можете да ги земете оттука
  • АПЛИЦИРАЈТЕ ПОРАНО: Ние ги вложуваме сите напори да ги закажеме студентите И тие што ќе учествуваат во програмата за културна и научна размена во текот на седум работни дена од денот кога ќе го примиме барањето за закажување на термин за виза, но ова не секогаш е можно.
  • ПЛАНИРАЈТЕ ПРЕДВРЕМЕ врз основа на планираното патување и датумот на почетокот на предавањата. Ве молиме да ни потенцирате дека сте студент или дека учествувате во програмата за научна и културна размена и исто така да го наведете планираниот ден за патување во САД при поднесување на барање за закажување на термин за виза. Студентот кој изразил желба да студира во универзитет или во научен институт во САД ќе има потреба од студентска виза F-1; тие кои сакаат да одат во занаетчиска школа или некоја друга ненаучна институција ќе имаат потреба од М-1 виза. На носителот на виза за посетители (B-2) му е забрането да учи како редовен студент или ученик. За студирање во колеџи и универзитети во САД стапете во контакт со Службата за образовно советување во САД на Фулбрајтовата комисија.
  • Академска (F-1) виза: Студентот кој изразил желба да учи во универзитет или во некоја друга научна институција во САД, земајќи ги во предвид и основните и средни училишта или програма за изучување на јазик ќе имаат потреба од F-1 виза. Промените во законот за визи на САД, параграфот 214(I) од законот за имиграција и државјанство, забранува издавање на виза на тие кои сакаат да учат во државни училишта (од забавиште до 8 одделение, отприлика од 5 годишна возраст до 14 годишна возраст) и образовни програми за возрасни финансирани од државни фондови како например изучување на странски јазици. Учениците кои поднесуваат барање за F-1 виза за да учат во основно училиште (од 9 одделение до 12 одделение, отприлика од 14 годишна возраст до 18 годишна возраст) се ограничени до 12 месечна настава во средни државни училишта со статус на F-1 виза и треба да покаже доказ дека сите трошоци се платени пред да се процесира визата. Учениците кои одат да учат во основни и средни приватни училишта не се опфатени во горенаведените правила.
  • Неакадемска М-1 виза: Студенти кои сакаат да одат на курс или да пратат настава која не е од баучна настава или е за изучување на занает или во други неакадемски институции како што се пост занатски или бизнис училишта имаат потреба од М-1 виза.
  • Како да се поднесе барање: Првиот чекор е да обезбедите од школото или од академската институција формуларот I-20A-B насловен како Уверение за правото да бидете одредени за неимигрантски статус за студенти (F-1) или формуларот I-20M насловен исто така Уверение за правото да бидете одредени за неимигрантски статус за студенти (M-1). Школите и академските институции кои имаат овластување од страна на владата на САД за запишување на странски ученици и студенти, имаат законско право да издаде вакви формулари. Студентската виза не може да се издаде без овој формулар. Точката 11 на крајот од листот и еден од формуларите I-20 треба да се пополни и потпише од страна на поднесувачот на барањето и треба да се поднесе заедно со:
  • Пасош или друг документ за патување кој е важечки повеќе од 6 месеци од планираниот престој во САД и со најмалце една празна страна.
  • Една слика во боја формат за пасош.
  • Доказ од страна на поднесителот на барање со кој се докажува дека он има доволни фондови за да ги плати трошоците и школувањето во САД. Овие докази можат да бидат во форма на уверенија од банка од сметката на студентот и/или на родителот кои уверенија покажуваат дека овие фондови можатда се трансферират, доказ за стипендијата и/или комбинација на финансии кои ќе ги покријат целокупната сума на трошоците, земајќи го предвид и школувањето како и предвидениот предстој на студентот во САД.
  • Доказ кој докажува дека поднесителот на барањето има живеалиште во неговото местото на живеење и дека ќе се врати на тоа место по престојот во САД. Оваа ќе се изврши поднесувајќи докази за семејството, докази за неговата професионална работа, на богатството, и други документи кои ќе бидат доволни да докажат за неговото или нејзиното враќање од САД.
  • Можно е да се побара од поднесителот на барањето и документи за докажување на неговото или нејзиното професионално квалификување. Овој вид на доказ ги предвидува сите сведителства докази за сите тестови положени за сите 4 школски години и доказ за положен ТОЕФЕЛ (TOEFEL-Test of English as Foreign Language) за достигнатите резултати на тестирањето.
  • Формуларот DS-156 за поднесување на барање пополнет за секој кој патува, заедно со уплатницата која е издадена од страна на баката каде е напишана наплатената сума на пари за административната такса. Жителите на Косово можат наплатата да ја извршат во благајната на Конзуларното Одделение во Амбасадата.
  • Формуларот DS-158 “Контакт информации и работна историја за поднесителот на молбата за неимигрантска виза”.
  • И формуларот DS-157 комплетно пополнет.
  • Известување: Никаква предходна гаранција не може да се даде во врска со издавањето на визата. Поради таа причина сите планови за патување и купувањето на картата која не се враќа, не треба да се прават пред да ви се издаде визата.
  • Работа: Можно е во некои ограничени околности носителот на F-1 до добие дозвола за работа во САД. Носителите на М-1 виза можат да работат ако таа работа спаѓа во практичниот дел на тренингот кој е предходно одобрен од страна на службата за имиграција и натурализација. Сопруг/га и/или дете на носителот на F-1 или М-1 виза не смее да работи со здобиената Ф-2 или М-2 виза, но било како можат да учат во некоја академска институција.
  • Влез и времетраење на престојот: Носителот на студенската виза F-1 и М-1можат да влезат во САД до 90 дена пред одредениот датум во I-20A-B или I-20M формуларот. Носителот на F-1 може да остане во САД до 60 дена по завршувањето на курсот. Носителот на М-1 виза може да остане во САД толку колку е напишано во I-20 формуларот или плус 30 дена до една година.
  • Сопруг/га и деца: Сопруг/га и/или деца кои се под 21 годишна возраст кои сакат да му се придружат на главниот носител на виза за време на неговиот престој во САД, треба да имаат F-2 или М-2 виза. Процедурата за поднесување на барање е иста, исто така треба да го имате формуларот I-20A-B или I-20M. Ако сопругот/ата и/или децата на главниот носител на визата поднесуваат барање покасно од главниот носител, треба со себе да ја имаат копијата на F-1 или М-1 виза која треба да се приложи заедно со поднесеното барање. Носителот на F-2 и М-2 можеби не ќе можат да работат со здобиената виза но тој или таа можат да студират во некоја од академските институции.Сопруг/га и/или деца кои неќаат да живеаат во САД со главниот носител на визата, но сакаат само да го посетат него во текот на годишните одмори можеби ќе имаат право на поднесување на барање за B-2 виза.
  • F-2/M-2 наспроти F-1: Нема некој посебен услов за сопруг/га и/или деца на носителот на F-1 или М-1 виза да поднесат барање за F-1 виза ако сакаат да студираат во САД; тие можат да студираат со F-2 или М-2. Ако се квалификуваат, тие можат да поднесат барање за F-1 виза. Ако имате деца на школска возраст треба да ги следите правилата за издавање на F-1 виза.
  • Дали имате важечка виза F-1? Ако имате важечка виза F-1 вие може да продолжите со употреба на истата ако пред датумот на истекување на визата пристигнете во САД приложувајќи ја визата заедно со формуларот I-20A-B, односно Уверени за здобиено право на студентски сататус од страна на образовната институција. Ако образовната институција е различна од таа во која сте се упатиле и за која е издадена виза вие сепак можете да патувате ако со себе имате важечкиот формулар I-20A-B. Визата не може да се употреби ако вие патувате како турист.
  • Ј-1 виза за научна И културна размена
  • Ако некој сака да учествува во предходно уредени вработувања, тренинг или истражувачка работа во САД врз основа на официалната програма одобрена и спонзорирана од страна на образовната иституција или од друга непрофитабилна институција ќе има потреба од Ј-1 виза. Оваа виза ги покрива програмите како постдипломски студии, студенти по медицина или стажисти по медицина, странски стипендисти спонзорирани од страна на универзитетот како привремен факултет И бизнис тренинг. Во оваа можеме да додадеме дека постојат И други програми за размена за младите како програмите заз летна работа, практиканти за универзитетски студенти И “Au Pair” програмата. За поопширни информации ве молиме да ја контактирате “Fulbright Commission's Educational Advisory Service”.
  • Како да поднесам Барање: Првиот чекор е да го обезбедите формуларот ДС-2019 од страна на спонзорот на програмата за културна И научна размена. Сите четри страници од формуларот ДС-2019 треба да се поднесат заедно со:
  • Важечки пасош кој треба да е важечкинајмалку 6 месеци подолго од предвидениот датум на пристигање во САД;
  • Една фотографија. Фотографијата на секој кандидат треба да го истакне целото лице И да не биде постара од 6 месеци. Димензиите треба да бидат 50х50мм со бела позадина.
  • Докази кои ќе покажат дека кандидатот има доволни финансиски сретства кои ќе ги покријат сите трошоци вклучувајчИ ја И уплатата за наставата. Ако приходите од програмата за научна И културна размена се доволни за да ги покријат трошоците, тогаш само формуларот ДС-2019 е доволен.
  • Докази дека кандидатот има живеалиште каде ќе се врати по неговиот престој во САД. Оваа ќе се утврди со приложувањето на докази за семејството, професионалната работа, докази за имот И други дополнителни документи кои ќе покажат дека тој/таа ќе се врати по престојот во САД.
  • Формуларите ДС-156 И ДС-157 (кои можете да ги земете оттука), комплетно одговорени и потпиешани заедно со уплатницата каде е приложена целосната сума на административната такса.
  • Формуларот ДС-158 кој е именуван како “Контакт информации и работна историја за поднесувачот на молба за неимигрантска виза” целосно потполнет И потпиешан.
  • Формуларот ДС-157
  • Преиздавање: Ако сакате да ја преиздадете Ј-1 визата, треба да се приложи само третата страна од формуларот ДС-2019 заверена од страна на спонзорот на програмата или од службеното лице на школото. Првата и втората страна се приложуваат на имиграционата слуба при влез во САД.
  • Доктори по Медицина: Ако сакате да учествувате како член на професија која спаѓа во областа на медицина или сакате да завршите постдипломски студии во областа на медицината во САД, некои од странските доктори приморани се да положат “Националниот Прашалник на Медицинскиот Борд I И II дел, или прашалник кој е назначен сличен на него.
  • Опомена: На поранешните учествувачи во програмат можно е да не им се издаде имигрантска виза, вереничка виза или виза за внатре компаниска разменадоколку тој/таа живееле и биле физички присатни во нивната држава.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СЛУЖБЕНА ВИЗА:

 

  • “B1” - Бизнис виза
  • Кога зборуваме за бизнис, во овој случај зборот бизнис е ограничен и во главно не дозволува профитабилна работа или консултативна работа. Според законите на САД зборот “бизнис” е ограничен и подразбира преговори и склучување договори, консултации со бизнис асоцијации, парничење, учество во научни, едукативни, професионални или бизнис собири, конференции, семинари и други законски активности од професионален или бизнис карактер. Не се вклучува работа од карактер на локално вработување или најмување на работник за физичка работа.
  • Прифатливи активности на “B –1” виза
  • Продажба: Ако некоја личност патува во САД за да присуствува во изложба, или да постави изложба во својство на тезга, да претставува егземплари, потпише договори и прими порачки за производи произведени и пратени од Макединија, можат да имаат право на “B-1” виза. Носителот на “B-1” виза не е во можност со оваа виза да продава или да прими порачки за производи од САД. Ако приложените активности не се совпаѓаат со горенаведените тогаш на личноста ќе му треба виза за привремена работа (H-2).
  • Волонтерска работа: Личности кои учествуваат во програмите на волонтерските служби кои ја помагаат локалната заедница на САД, и кои покажале дека се членови на посебно признаети религиозни или непрофитабилни добротворни организации и имаат врски со истите, можат да имаат право на “B-1” виза, ако работата која треба да се изврши е извршена од страна на добротворни волонтери работници кои нема да примаат плата или хонорар од изворот во САД, освен ако се различни од компензација или плаќање на непредвидени трошоци при престојот во САД и нема да бидат вклучени во продажбата на артикли и примање и барање на донации.
  • Програмата на службите за волонтерска работа подразбира проект кој е спроведен од страна на добротворни или религиозни организации кои обезбедуваат помош на сиромашните или на тие кои имаат потреба од таква помош или да помогне некоја религиозна или добротворна причина.
  • Ако приложените активностите како работник волонтер не се совпаѓаат со горенаведените тогаш ќе имате потреба од виза за научна и културна размена(Ј-1) или виза за привремена работа (H-2B).
  • Инжињерски услуги: Ако инжињерите ќе инсталират или сервисираат комерциални или индустриска опрема или опрема произведена и продадена од компанија од Македонија на купувачот во САД и каде договорот вели дека компанијата од Македонија ќе обезбеди ваков вид на сервис, дава до заклучок дека “B-1” виза е нај соодветна за овој случај. Како и да е, инжињерите треба да имаат значително знаење за да извршат ваков вид на сервисирање и да не примаат никаква наплата освен таа која е предвидена со оригиналниот купопродажен договор. Ако приложените активности не се како горенаведените тогаш ќе има потреба од виза за привремена работа (H-2). Имајте предвид дека “B-1” виза. Имајте на ум дека B-1 визата не предвидува градење и ако купопродажниот договор го предвидува тоа да компанијата побара таква услуга. Во овој случај работниците треба да се квалификуваат за H-2 виза. Исто така “B-1” бизнис виза е соодветна за инжињери кои патуваат во САД да тренираат персонал од САД во областа на инсталирањето, сервисирањето на комерциалната или индустриската опрема или на горе наведените машини. Интересираните личности треба да продолжат да бидат платени од страна на компанијата во Македонија и особено купопродажниот договор треба да нагласи дека продавачот треба да осигура таков вид на услуга.
  • Предавачи/Лектори: Ако вие патувате во САД со цел да одржите говор на некој состанок, за кој договор нема да бидете платени не земајќи ги предвид ненадејните трошоци во текот на престојот, можете да патувате со “B-1” виза. Предавачите/Лекторите кои ќе примаат хонорар кои има врска со ненадејните трошоци, можно е да бидат прифатливи за “B-1” визата ако ги исполнуваат овие услови:
  • Активностите ќе траат не повеќе од 9 дена во истиот институт;
  • Тие активности се посветени на доброто на таа институција или ентитет; и
  • Предавачот/Лекторот не примил ваков вид на наплата од други слични институции во последните 6 месеци.
  • Ако активностите кои ни се приложени не се како горе наведените, тогаш ќе има потреба од виза за научна и културна размена (Ј-1) или виза за привремена работа (H-1).
  • Забелешка: Тие што бараат виза за да присуствуваат на конференција за техника можно е да бидат случај на дополнителен административен процес. Со жалење ве известуваме дека немаме некој документ за упатствата кои кажуваат колку ќе трае ова. Како и да е не правете конкретни планирања додека не го добиете пасошот со виза во него.
  • Истражувачи: Личноста која ќе изврши самостојно истражување може да има право на добивање на “B-1” виза ако не биде платен од страна на изворот од САД и ако неговото истражување не оди во полза на институциите на САД. Тие кои ќе бидат платени од страна на изворот на САД или институциите во САД ќе придобијат од истражувањето, тогаш можете да имате право на “B-1” виза ако
  • Активностите ќе траат не повеќе од 9 дена во истиот институт;
  • Тие активности се посветени на доброто на таа институција или ентитет; и
  • Истражувачот не примил ваков вид на наплата од други слични институции во последните 6 месеци.
  • Ако активностите кои ни се приложени не се како горе наведените, тогаш ќе има потреба од виза за научна и културна размена (Ј-1) или виза за привремена работа (H-1).
  • Бизнис активности: “B-1” визата е содветна за да се квалификувате за патување во САД за да видите места со потенциал за бизанис и/или изнајмува канцеларии. Носителот на “B-1” виза не може да остане во САД за да го води бизнисот. За да го води бизнисот ќе треба H или Л виза( внатрешен компаниски трансфер). Оваа ќе му овозможи на носителот на оваа виза да патува во САД за краток период за да отвори помошна канцеларија или филиала а истата да почне и со работа. За да се квалификувате треба работното место во САД да поднесе петиција во најблиската канцеларија на Службата за имиграција и натурализација.
  • Избран медицински персонал: Ако некој сака да оди во САД како службеник на факултативна настава која овозможува практично искуство и инструкции во многу медицински дисциплини под надзор на универзитетски професори во медицинските универзитетските болници во САД може да добие “B-1” виза, ако местото на избран медицински персонал е одобрен дел на индивидуалната школска едукација на странците и нема да прима надомест од страна на болницата. Ако се поднесувате барање за виза треба од страна на школото во САД да пратат писмо кое ке ја наведе природата и времетраењето на визата и изворот на финансии, ако го има, кој треба да се припои на барањето.
  • Студентите кои сакакт да идат во САД за тренинг како физеотерапеути, забари, медицински сестри или ветеринари ќе имаат потреба од Ј-1 виза.
  • Телекомутери: Личности кои привремено престојуваат во САД и кои ќе работат од дома како кпмпјутерски програмери за за компанија со седиште во странство може да имаат право на “B-1” виза ако:
  • Личноста е запослена од компанија надвор од САД;
  • Нема да прими надомест од изворот во САД, спротивно од ненадејните трошоци во текот на престојот;
  • Ќе работи во работно место кое предвидува дипломирани студенти или некој со висок степен на образование во специфична област и личноста го има тој степен на образование.
  • Ако верувате дека сте квалификувани за “B-1” виза тогаш треба да поднесте барање со цел вашите квалификации да се разгледат.
  • Ако придружувате сопруг/га кој е носител на студентска виза или работна виза, можете да поднесете барање за истите визи или за “B-1” виза.
  • Виза “B-2” – Туризам/Задоволство
  • Поднесување барање
  • Сите патници кои патуваат за САД треба да имаат “B-2” виза. Ако патувате со цел посета на семејство или за посета на здравствена установа или болница вам ви е потребан “B-2” виза. Патувањето на конгрес од социјална или друштвена природа или на посета на привремено предавање или испити, истотака влегува во параметрите на “B-2” визата.
  • Апликантот за B-2 виза треба да покаже дека има живеалиште кое нема намера да го напушти. Апликантот треба да покаже докази за финансиска подршка и НЕ смее работи во САД.
  • Потцетување: Одговорност е на секој патник да ги подготви потребните документи на патување пред да тргне на пат. Немање на виза може да резултира со забрана за влез од страна на авиокомпанијата.
  • Ве молиме да прочитате “Како да се поднесе барање” за B-2 виза.

01.01.2005 формуларот 156, за виза може да се пополни и преку интернет страната на Амбасадата: www.skopje.usembassy.gov, се пополнува, испраќа електронски, па дури потоа печати и потпишува. Заедно со прилозите, се поднесува во Амбасадата. Додека пак 157 не се испраќа електронски. 158 – за учење и студиски престој кој можете да го земете оттука. (користете го директно овој линк за поплнување на апликациите!)

Закажување термин за неемигрантска виза (private), само по телефон - 309 9090, со купен Pine-code во Комерцијална банка (12 долари). !