Па, секогаш е тоа разгледница, маичка или пластична реплика на огромното панорамско тркало. Впрочем, зарем може домот да е комплетен без минијатурна реплика на панорамското тркало? Но, доколку сакате некоја слатка закуска или нешто повеќе уметничко, Ви предлагаме десет идеи за сувенири и подароци. Најевтиното чини не повеќе од едно евро или две, а најскапото до износ со четири цифри.

 

 1.  ЗАХЕР ТОРТА

Захер тортата била измислена во Виена во 1832 година од кого ако не од Господинот Захер, чие семејство подоцна го основало познатиот хотел од спротивната страна на Операта. Покрај тоа што е оригинален виенски специјалитет, Захер тортата може да ја најдете во различни големини и убави пакувања, што ја прави совршен подарок.

Каде може да се најде: во продавницата на Хотел Захер (KärntnerStraße 38) или онлајн.

 

2.  НАПОЛИТАНКИ MANNER

Овие наполитанки со фил од лешник се појавиле во 1898 година и нивното карактеристично розево пакување е вообичаена глетка низ Виена. Логото на катедралата Св. Стефан говори за виенското потекло – Манер ја отворил својата прва продавница покрај катедралата. И денес раководството и фабриката на оваа компанија се наоѓаат во градот.

Каде може да се најде: во повеќето супермаркети или Manner продавницата во центарот.

 

3.  МОЦАРТ КУГЛИ

Америка го има орелот, Британија булдогот, Австрија ги има Моцарт куглите. Моцарт куглата е мешавина од ф`стаци, марципан, лешник и чоколадо. Рецептот е од 1890 година на слаткар од Салзбург. Повеќе разни компании произведуваат Моцарт кугли, но најзастапена во Виена се Моцарт куглите од Мирабел. Ги има во пакувања во различни големини, форми, кутии како и алтернативните  облици (топки, штангли или во форма на парички).

Каде може да се најде: во повеќето супермаркети и продавници за сувенири и во продавницата на Мирабел во центарот (Stephansplatz 7).

 

4.  МИНИ ПРАЛИНИ

Altmann&Kühne е мала, традиционална слаткарница која произведува свое чоколадо и пралини. Тоа не е ништо невообичаено за град како Виена. Она што ги прави нивните продукти особено популарни како подароци е нивното прекрасно пакување. Само замислете какво е изненадувањето на нечие лице штом ќе отвори отвори кутија во форма на ковчеџе, книга, шкавче, шапка... а внатре пронајде чоколадно богатство – пралини.

Каде може да се најдат: Во самата слатканица во центарот (Graben 30) или онлајн.

 

5.  ВИЕНСКО ВИНО

Да, точно. Вино од Виена. На површина од околу 660 хектари, 190 винарии во Виена произведуваат инзненадувачки голема количина на квалитетно вино. Производството на вино на овие простори датира од 750 година п.н.е.. Општината поседува еден од најголемите и најквалитените лозови насади - Weingut Cobenzl. Во 2014 година, Cobenzl’s Riesling Senator 2013 беше прогласено за едно од најдобрите вина во земјата.

Каде може да се најде шише од ова вино: специјализирани продавници за вино и некои супермаркети. Побарајте ги на пример WienWein продавнците, каде може да се најде вино од шесте најдобри виенски лозови насади.  

 

6.  КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА ОД ШТАУД

Штауд е уште една традиционална Виенска компанија, со седиште во главниот пазар на разботничката класа во 16та област. Позната е по своите џемови, кисели краставици и компоти спакувани во уникатни тегли. Ако чоколадото не е ваш избор, тогаш минијатурните теглички со Штауд џем со уметнички мотиви на капаците (доаѓаат во пакување од три) се вистинскиот избор за вас.

Каде може да се најдат: Во главната продавница на Штауд во 16та област.  

 

7. АУГАРТЕН ПОРЦЕЛАН

1718 година е годината во која започна долгата историја на Виенската порцеланска индустрија, вклучувајќи ја национализацијата (од страна на Марија Тереза 1744 г.), затворањето (во 1864 г.) и повторното отворање со ново име (во 1923г.). Пред се позната по производството на вазни и прибор за на маса, Аугартен исто така призведува фигури и други порцелански производи, сите со печат син штит како заштитен знак.

Каде може да се најдат: во продавницата во центарот (Spiegelgasse 3), фабриката и онлајн.

 

8.  LOBMEYR СТАКЛАРИЈА

Чашите не се само садови од кои се пие. Барем кога ќе ја дознаете историјата на J. & L. Lobmeyr, добавувачи на виенските производители на стакло од 1832 година. Сеуште семеен бизнис, компанијата е особен позната по производството на садови за пиење, лустери и лампи. Освен тоа, има значајно влијание врз дизајнирањето, па и инжинерингот (во 1883 година го произвеле првиот електричен лустер). Оваа компанија има бројни познати клиенти, од Мао Це Тунг до махараџата од Баруда.

Каде може да се најдат: во продавницата во центарот (Kärntnerstrasse 26).

 

9.  FREYWILLE НАКИТ

Freywilleе е релативно нов прилог на Виенскиот пејзаж, бидејќи е основан во 1951 година. Успехот на нивниот рачно изработен накит, особено белегзиите, произлегува од разнобојните шарени уметнички дизајни и специјалната техника на емајлирање.

Каде може да се најдат: во двете главни продавници во центарот (Stephansplatz 5, Albertinaplatz 1). Исто така може да се купат онлајн.

 

10.  СНЕЖНА ТОПКА

Можеби ќе помислите дека не е баш најоригинален подарок... но дали знаете дека снежната топка е измислена во Виена? Тука ќе имате можност да купите уникатен подарок директно од оригиналните производители, со избор од главните обележја на Виена, познати личности и други разни мотиви.

Каде може да се најдат: во продавницата на фабриката во 17та област (Schumanngasse 87). Компанијата исто така има свои штандови како дел од Божиќниот маркет. 

Извор: http://www.visitingvienna.com/

05.12.2016

Захер Торта

Наполитанки Manner

Мини пралини

Моцарт кугли

Виенско вино

Штауд конзервирана храна

Аугартен порцелан

Lobmeyr лустер

Freywilleе накит

Снежна топка