Црна Гора е зачудувачка дестинација сама по себе. Меѓу прекрасните плажи и можноста да пиете многу евтино пиво, нуди цел еден свет за истражување. Ако се уште се двоумите дали да ја посетите оваа прекрасна земја или да поминете некој празник таму, ви нудиме 10 интересни, уникатни факти за земјата што го инспирира познатиот англиски романтичар поет Лорд Бајрон да напише "Кога се раѓала планетата, најубавата средба меѓу копното и морето мора да била на црногорското крајбрежје"

Многу силни зборови, Бајрон! Ви нудиме уште 10 факти за споредба: 

1. Стара школа

Црна Гора има долга историја. И Которскиот регион и Националниот парк Дурмитор се наоѓаат на листата на светското наследство на УНЕСКО. Катедралата Св Трифун во Котор е  50 години постара од катедралата Нотр Дам во Париз...

Историчарите никако не смеат да ја заобиколат Будва, еден од најстарите урбани центри на јадранскиот брег, кој постои повеќе од 2.500 години. Во меѓувреме, 80 километри на југ, подеднакво стариот град Улцињ е еден од најавтентичните стари градови во Црна Гора и се верува дека го инспирирал познатиот шпански писател Мигел де Сервантес да го напише Дон Кихот благодарение на искуството што го имал додека бил затворен таму!

2. Има прекрасни птици

Пеликаните и фламингата летале во Црна Гора долго пред да почнат да летаат туристи... Пеликаните може да се најдат на Скадарското Езеро. Поставено четири метри под нивото на морето, Скадар е најголемото езеро на Балканот и најголемата крипто депресија во Европа. Богата со биодиверзитетот, не е само единствената локација во која ќе најдете пеликани во Јужна Европа, туку и дом на голем број ендемични растителни и животински видови ... Вклучувајќи 10 милиони птици!

Во Црна Гора има и над 2.500 фламинга, а бројот се зголемува. Центарот за заштита и истражување на Црна Гора (CZIP) прави  големи чекори за заштита на птиците и денес има повеќе фламинга во посета на земјата од кога било досега.

3. Длабока е...

Со длабочина од 1300 метри, Големиот Кањон на реката Тара всушност е најдлабокиот кањон во Европа и втор по големина во светот по кањонот Колорадо во САД. Не е само восхитувачка глетка, туку е и најпозната река за рафтинг во регионот.

4. Висока е

Црногорските планини го одземаат здивот. Всушност, планината Ловчен е дом на највисокиот мавзолеј во светот. Изграден на врвот на езерото, Мавзолејот на Његош нуди поглед кој се протега низ целиот залив Бока, отворениот океан, долината Цетиње и патот со форма М, кој е изграден во чест на Милена, принцезата на Црна Гора.

5. Има сериозно стари дрвја

Кога рековме дека Црна Гора е стара школа, мислевме ... селото Митровица има најстаро маслиново дрво на светот. Тоа е постаро од 2000 години!

За да видите уште стари дрвја, одете до кањонот Тара; дом е на најстарите црни борови дождовни шуми во светот. Просечната возраст на боровите дрвја е 400 години, а дрвјата се високи добри 45 метри.

6. Има свој Алкатраз

Скадарското Езеро е дом на мал камен остров наречен Грможур. Познат на локалното население како црногорскиот Алкатраз, тоа е тврдина која некогаш служела како затвор за време на владеењето на кралот Никола.

7. Првата филмска улога на Бред Пит е снимена во Црна Гора

Првата вистинска филмска улога на Бред Пит е во Темната страна на сонцето. Првично наречен Тамно е Сунце, овој филм е снимен од југословенскиот режисер Божидар Николиќ уште во 1988 година.

Драматичниот, кинематографски пејзаж на Црна Гора, често е позајмуван  на големиот екран; Браќа Блум и Ноемвриски Човек, беа делумно снимени таму.

8. Има неколку сериозно скапи одморалишта

Имате резервни неколку илјади евра? Зошто да не се одморите од Sea Dance фестивалот во познатиот Свети Стефан. Со апартмани почнувајќи од 1000 евра за една ноќ (до 4.200€ за една ноќ) Свети Стефан не е непознат за славни личности како што се Ролинг Стоунс, Мадона, Памела Андерсон и многу други.

9. И неверојатно  вкусна кујна...

На сите добри забави им е потребна силна издржливост. Што е одлично, бидејќи Црна Гора се гордее со неверојатна традиционална кујна ...

Специјалитетите вклучуваат чадена пршута, козјо сирење, јагнешко месо или месо готвено на сач (традиционално јадење говено на јаглен), пивски кајмак (специјален млечен крем од градот Пива), качамак, циквара (здрава каша која се јаде за појадок, ручек или вечера), или бистра супа од риба. Сите тие треба да се уживаат со Лоза, гроздова ракија и / или локално вино и пиво.

10. Историја, култура, храна и знаменитости какви нема да видите никаде на друго место...

 

Котор стар град

Котор стар град

Фламингоси

Херцег Нови

Кањонот на Тара

Ловчен

Грможур

Свети Стефан

Мавзолејот на Његош

Црногорски специјалитети