ВРАХОС

Вилата Арго е објект, лоциран на првата линија куќи изградени долж шеталиштето покрај долгата плажа во Врахос. Карактеристична по фронталната поставеност на нејзините балкони и тераси, го привлекува вниманието на секој минувач покрај нејзе. Во своето приземје располага со убав ресторан, над кој скалесто се издигаат останатите катови на зградата. Во нивниот состав се наоѓаат, убаво опремени студија и апартмани, сите опремени со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за одмор. Близината на плажата и погледот кон морето, ветува дека сместувањето во Вилата Арго е добар избор за вашиот одмор.

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДАДЕНИ ПО СОБА И ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ...

ТЕРМИН :

ноќи

1/2+1

студио

2/2+1

апартман

превоз

возрасен

превоз

дете (2-12)

26.05-02.06

7

127 €

168 € 

50 € 

37 € 

02.06-09.06

7

159 €

209 € 

50 € 

37 € 

09.06-16.06

7

182 €

241 € 

50 € 

37 € 

16.06-23.06

7

210 €

277 €

50 €

37 €

23.06-30.06

7

241 €

318 €

50 €

37 €

30.06-09.07

9

356 €

470 €

50 €

37 €

09.07-18.07

9

410 €

540 €

50 €

37 €

18.07-27.07

9

450 €

594 €

50 €

37 €

27.07-05.08

9

495 €

654 €

50 €

37 €

05.08-14.08

9

495 €

654 €

50 €

37 €

14.08-23.08

9

495 €

654 €

50 €

37 €

23.08-01.09

9

413 €

545 €

50 €

37 €

01.09-08.09

7

268 €

353 €

50 €

37 €

08.09-15.09

7

214 €

283 €

50 €

37 €

15.09-22.09

7

172 €

226 €

50 €

37 €

22.09-29.09

7

137 €

181 €

50 €

37 €

 

Цените се дадени за сместување по соба и превоз по лице, во термини според табелата.

Поаѓање од Битола во 03:15 часот од пред Спортска сала на термините според табелата.
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

Попусти и доплати:
- Употребата на клима уред во објектот се доплатува.

- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

 

Напомена:

  • За резервација со попуст, потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст
  • При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената
  • Задолжително е здравствено и патничко осигурување
  • Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи.
  • Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

  • Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот
  • Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
  • При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.