ТРИ ГРАДА, ТРИ ЛИЦА НА КИНА - ШАНГАЈ, ПЕКИНГ, ХОНГ КОНГ
ГРУПНО ПОАЃАЊЕ СО ВОДИЧ
 
ПОАЃАЊЕ: 18 ОКТОМВРИ 2017-  13 ДЕНА/ 10 НОЌИ


 
Шангај, најблескавиот град во Кина со величенствени храмови посветени на Буда, од жадиниот кој Кинезите го сметаат за свето место и каде се молат за среќа и богатство па се до палите храмови во тесните улички. Град на рскошот, совршено уреден и чист.

Суџоу, град кој е наречен Венеција на Кина еден од најбајковитиот град...

Пекинг, престолнината на Кина, изобилство од историја почнивајќи од најголемиот плоштад во светот преку забранетиот град до чуениот ѕид.
Хонг Конг, економски лав на Азија и посебна провинција на Кина... покрај тоа што многу го сметаат за најпопуларно место за шопинг, посебен шмек на местото му дава начинот на живот во Абредин пристаништето и неверијатниот романтичен призор на исјадниците светилки кои се рефлектираат во водата, плажите во заливот како и Пик транвајот го прават Хонг Конг туристички незаборавна дестинација.


 
       ДЕН / МЕСТО
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1. ДЕН (18.10.2017)
БЕЛГРАД-ДОХА
 
Состанок на групата со водичот на аеродромот ‚Никола Тесла" во Белград на шалтерот на Понте Травел во 10.20 часот. Полетување за Доха во 12.25 часот (лет QR 232). Оброк во авион. Пристигнување во 18.25.
2. ДЕН (19.10.2017)
 ДОХА-ШАНГАЈ
 
Продолжување на летот за Шангај во 02.50 часот (лет QR 870). Оброци во авион. Пристигнување во 16.20часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
3. ДЕН (20.10.2017) 
ШАНГАЈ-СУЏОУ-ШАНГАЈ
  
 
Појадок (шведска маса).
Заминување за Суџоа ( околу еден час возење), местото кое популарно се нарекува Венеција на Кина поради многубројните канали кој ги поседува. Во овој град се наоѓа летната резиденција на кинеската владејачка фамилија. Обиколка до една од најубаво уредените градини. Потоа обиколка до улицата Шантаг. Ова е една од улиците каде културата и трговијата се развиле највеќе за време на династиите Минг и Чанг. Реновирана, улицата е направена како минијатура на стариот Суџоа и призор на културата Ву. Шантанг улицата е паралелна со каналот долж улицата на која се наоќаат многубројни проданици.
Заминување за крстарење по каналите низ градот. Суџоу е од минатото познат како место во Кина каде се призведува свила.  Посета на една од фабриките каде може да се видат призводи од свила а воедно и да се купат истите од оваа високо квалитетна и совршена ткаенина. Во текот на разгледот ручек во локален ресторан ( сет мени). Враќање во хотелот. Ноќевање.

4. ДЕН (21.10.2017)

ШАНГАЈ
 

 

Појадок (шведска маса).
Попладневен разглед на градот. Посета на храмот на Буда од жад, свето место за молитва за среќа и богатство. Овој храм е активен со околу 70 монаси кои живеат и работат во храмот. Истиот е изграден помеѓу 1911 и 1918 година во стилот на династијата Сонг, со симетрични хали и дворишта, издигнати надстрешници и светло жолтата боја на ѕидовите. Во централниот дел се наоѓа скоро 2 метарската статуа на Буда од варовник, која ја донел монах од Бурма до Кина во 1882 година. Овој седечки Буда, опкружен со драгоцености е тежок околу 1000 kg. Потоа посета на градината Јујуанг, која се наоѓа во центарот на стариот дел на Шангај, неколки блокови јужно од бизнис цнтарот Бунд, кој исто така ќе се посети. Градината е изградена за време на династијата Минг, во класичен Минг стил со бројни павиљони, тунели... неговата културна страна ја сочинуваат: мебел стар сто години, калиграфија, слики од познати уметници, скулптури од глина...
После пладне слободно време за шопинг и индивидуални активности. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

5. ДЕН (22.10.2017) 

ШАНГАЈ

Појадок (шведска маса). Слободен ден за индивидуални активности, разгледи и шопинг.
Ноќевање.
6. ДЕН (23.10.2017) 
ШАНГАЈ - ПЕКИНГ
 
Појадок (шведска маса). Трансфер на железничка станица. Поаѓање со воз за Пекинг. По 5 часа возење со брз воз, пристигнување во Пекинг. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.

7. ДЕН (24.10.2017) 

ПЕКИНГ
 

 

Појадок (шведска маса).
Целодневен разглед на градот. Посета на најголемиот плоштад на светот. Тјенанмен плоштадот- во превод значи порта на небесниот мир, е со површина од 440.000 m² и на него во исто време можат да се соберат милион луѓе. Овој плоштад неретко е и национален симбол на земјата бидејќи на него е изграден мавзолејот на Мао Цетунг ( влез во него не е дозволен). Изграден е за време на династијата Минг во 1420 година, и претставува влез во царскиот град. Потоа обиколка на прочуениот Забранет град. Се наоѓа во центарот на Пекинг, уште е наречена и Палата музеј, некогаш била и царска палата на династиите Минг и Чанг. Забранетиот рад е најголем дворски комплекс, на површина од 72 хектари. Има правоаголен облик и го сочинуваат 980 згради, и 9.999 простории. UNESCO го прогласил за сведско културно наследство, како и царската палата на династиите Минг и Чанг поради значењето во развојот накинеската архитектура и култура. Во текот на разгледот ручек во локален ресторан ( сет мени). Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

8. ДЕН (25.10.2017)

ПЕКИНГ – БАДАЛИНГ – ПЕКИНГ

 
 

Појадок (шведска маса).
Целодневна обиколка и разглед. Пристигнување до местото Бадалинг во кое се најдобро зачуваните ѕидини на единствената градба изградена од човечка рака кја е видлива од космосот, Кинескиот ѕид, на околу 80 км северозападно од урбаниот Пекинг. Дел од ѕидот е изграден за време на династијата Минг. Највисока точка е Беидало на околу 1015m надморска височина. Потоа обиколка на Динг гробницата на царот Ванли. Тоа е само една од гробниците на Минг династијата, која е пронајдена. Исто така е една од гробниците која е пронајдена недопрена од основањето на Република Кина. Гробницата на династијата Минг се наоѓа на околу 50km северно од центарот на Пекинг, во  во приградската општина Чангпинг. Во продолжение посета на летната палата, изградена за време на династијата Јин, исто така владеачко место на феудалните цареви. За време на династијата Џинг, претвоена е во луксузна кралска градина. UNESCO ја има ставено на истата на сведското културно наследство и прогласена за ремек дело на кинеските пејсажни градини. Природните пејсажи, ридови и отворени води во комбинација со павиљони, хали, палати, храмови и мостови, формираат хармоничен баланс од исклучителни естетски вредности. Ова е доста популарна туристичка атракција во Кина. За време на враќањето во Пекинг, посета на Олимпијскиот парк- националниот стадион на Пекинг или жаргонски Птичјо глездо, кој е дизајниран за одржувањето на летните олимписки игри во 2008 година и параолимпијадата. Изградбата чинела неверојатни 423 милиони долари. Во текот на разгледот ручек во локален ресторан ( сет мени). Враќање во хотелот. Ноќевање.
         9. ДЕН (26.10.2017)
ПЕКИНГ
 
Појадок (шведска маса).
Слободен ден за индивидуални разгледи и шопинг.
Ноќевање.
10. ДЕН (27.10.2017)
ПЕКИНГ – ХОНГ КОНГ
 
Ран појадок (шведска маса).
Трансфер до аеродром. Полетување за Хонг Конг во 07:25 часот (лет KA 937). оброк во авион. Пристигнување во 11:05 часот. Трансфер до хотело. Сместување. Слободно време. Ноќевање.
11. ДЕН (28.10.2017)
ХОНГ КОНГ
 
 
Појадок (шведска маса).
Заминување за попладневен разглед на градот. Посета на пристаништето Абердин, која е дом на стотина лиѓе кои живеат на рибарски бродови. Овој традиционален начин на живот е потполно спротивен на модерниот живот во градот. Во вечерните часови, илјадници светла се рефлектираат во водата и создаваат магичен призор. Абердин исто така и окенски парк, еден од најголемите во Азија. Во продолжение обиколка на Репулс заливот, кој првенствено е луксузно стамбена област. Широката плажа е многу популарна помеѓу локалното население и туристите, идеална е за утрински прошетки и сончање. Посета на пазарот Стенли сведски познато место по добар шопинг со задолжително ценкање. Пазарот е орворен од 10:30-18:30 часот. Тука може да се најдат широк избор на облека, сувенири, украси и други ориентални нешта. Стенли исто така ги има најубавите плажи и голем број на барови и ресторани. На самиот крај од разгледот, доживување за паметење. Обиколка на градината Викторија- една од најпознатите атракции во Хонг Конг. Од врвот се пружа спектакуларен поглед на околината на градот, пристаништето Викторија и Ковлон, висококатниците и зелените падини. На светот не постои ништо како Пик трамвајот кој го влечат 4 кабли, патот е толку стрмен да имате чувство дека градбите покрај кои поминувате се навалени. Слободно време после пладне и вечер. Ноќевање.
12. ДЕН (29.10.2017)
ХОНГ КОНГ
Појадок (шведска маса). Собите се напуштаат во 12 часот а багажот може да се остави на рецепција или пак со одредена доплата да ја задржите собата до 18:00 часот доколку има слободна соба.  Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во вечерните часови трансфер за аеродром.  
13. ДЕН (30.10.2017)
ХОНГ КОНГ – ДОХА - БЕЛГРАД
Полетување за Доха во  00:25 (лет QR 815). Оброк во авион. Пристигнување во 04:55. Полетување за Белград во 06:40 часот (лет QR 231). Оброви во авион. Пристигнување во 11:25 часот.

 
                                 
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
(ПЛАЌАЊЕТО СЕ ВРШИ ВО ДЕНАРИ ПО КУРС ОД 1 ЕУР=62 МКД)    

ДАТУМ НА ПОАЃАЊЕ УСЛУГА ЦЕНА ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА
 
18 ОКТМОВРИ 2017
 
ПРЕМА ПРОГРАМА
 
1.390 €
 
355 €

 
Цената вклучува: 

авио билет на наведената релација, 30 kg чекиран багаж и 7 kg рачен багаж по лице на летовите со авио компанијата QR, додека ла летот со авио компанијата KA, 20 kg чекиран багаж и 7 kg рачен по лице (на летот KA може да дојде до промена и на крајот да биде дозволено 30kg по лице), сместување во стандардна двокреветна соба во хотели со 3+* i 4+* (локална категоризација) во сите три града, услуга према програма (појадок шведска маса во хотелите и три ручеци за време на излетите), приватен трансфер аеродром-хотел-аеродром према програма со висококвалитетни климатизирани возила од туристичка категорија, сите разгледи и излети по програма, трошоци за организација на патувањето, професионален лиценциран водич на српски јазик кој поаѓа со луѓето од Белград.
 
Цената не вклучува: 

аеродромски такси 317 € по лице (цената на аеродормските такси е објавенаа на датата на излегување а програмата и истата е подложна на промени и зависи исклучиво од ави компанијата. Конечната цена на аеродромските такси се објавува околу 8 дена пред почетокот на патувањето кога се издаваат и картите и тогаш агенцијата го известува за конечната цена на аранжманот), факултативни излети со водич на српски јазик, ручеци и вечери кои не се наведени по програма, патничко осигурување, виза за Кина за државјани на државите од поранешна Југославија.
    
ВИЗА:
- Виза за Кина за државјани на Македонија е потребна и секој патник мора да аплицира индивидуално. Агенцијата асистира при собирање на одредени документи за аплицирање на истата.
- Државјаните на  други држави задолжително да си проверат дали е потребно виза во претставништвата и конзулатите на Кина кои се овластени за нивната држава како и за потребната документација при прибавување на истата, агенцијата може да помогне при прибавување на информации и одредени документи за виза.
 
ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛИ:
Сместувањето е во хотели со 3+* во Шангај, 3+* во Пекинг и 4+* во Хонг Конг (локална категоризација). За имињата на хотелите можете да се распрашате во агенцијата. Организаторот на патувањето гарантира за квалитетот на сместувањето.
 
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПАТА Е 16 ПАТНИЦИ!

 
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Уплата од аконтација минимум 50% до 01 септември 2017 или до пополнување на местата. Остатокот најдоцна до 25 дена пред почетокот на патувањето.
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 еур=62 мкд.

По договорот со партнерот од Кина и Конг Конг може да дојде до промена на хотелот, но во тој случај партнерот е задолжен да обезбеди хотел од иста или слична категорија и локација!
 
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Вообичаените временски прилики во овој период се карактеристични за пролет. Сушни и топли периоди со температури од 24 до 29 C во текот на денот, додека во Хонг Конг можат да достигнат и до 35 C. Ноќите се ладни и со пониски температури и тоа од 14 до 19 C. Во ова време во сите три града е ВИСОКА сезона за сите три града!
  • Кинеска валута е:                                        1 USD = 6.90 CNY                  1 EUR = 7.32 CNY
  • Конг Конг валита е хонгконшки долар:    1USD = 7.76  HKD                 1EUR= 8.23 HKD

·         Се препорачува да носите лесна памучна облека како и лесни и удобни обувки за пешачење. Треба да се понесе и лесна јакна и потопла гардероба поради поладните ноќи.

  • Се молат патниците да го проверат точното време на летот два дена пред почетокот на патувањето со агенцијата.