1. Метеори е второто најважно место за посета во Грција! Првото е Акропол.
  2. Местото е под заштита на УНЕСКО во две категории – природа и уметност. Едно е од само неколкуте места во светот, кои се квалифицирани во повеќе од една категорија.
  3. Во извесен период, таму имало 24 манастири, од кои денес се останати само 6. Односно останати се само 20 монаси и 4 монахињи кои постојано живеат во манастирите. Намалувањето на бројот на манастирите и монасите, делумно се должи и на се поголемиот број на туристи.
  4. Монасите дошле на метеори во 14-ти век, барајќи безбедно место. Како резултат, единствениот пристап до манастирите бил со искачување по карпа или со пренесување со корпа.
  5. На Метеорите немало скали до 1920 година.
  6. Метеори е втората најголема заедница на монаси во Грција. Првата е Атос.
  7. Нормалниот ден за монасите започнува со будење во 04:00 часот. Потоа следува 3 часовно молење, во црквата и во своите простории. После тоа започнуваат со другите свои секојдневни обврски.
  8. Ако се загубите на Метрори, може да се ориентирате по насоката кон која е насочен олтарот. Тоа е секогаш исток, за да се допре светлината која прва доаѓа.
  9. На дел од религиозните обреди може да присуствуаат сите посетители, на дел само православните грци.
  10. Има два типа на манастири на Метеори. Заеднички и осаменички.
  11. Има 42 места (пештери) за осаменици на Метеори.
  12. Имало дури и монашки затвор, каде што секој монах имал своја "ќелија".
  13. Св. Ѓорги е најпознатото место за поклонение на Метеори. Во 17-ти век, локален муслимански земјопоседник отсекол некои дрвја од светата земја посветена на Св. Ѓорги. Светецот тогаш предизвикал прализа на неговата рака, меѓутоа тој бил излечен откако за покајание го понудил превезот на својата сопруга, највредниот дар според муслиманите. Еднаш годишно верниците поставуваат шарени шалови на јаже затегнато помеѓу дрвјата, во близина на влезот на пештерата. Младите луѓе од селото еднаш годишно исто така учествуваат во натпревар по алпинизам и ги собираат шарените шалови кои понатаму ги чуваат како сувенири за добро здравје.
  14. На жените им беше забранет влезот во манастирите до 1920 година
  15. Првата жена која го посетила манастирот е Марија од Единбург.
  16. Метеори е место на легенди! Една од најпознатите е од 15-ти век. Монасите биле на служба, кога се вратиле назад семејство било вселено во манастирот. Монасите не биле во можност да го превземат назад бидејќи семејството било големо со многу деца и оружје. Семејството останало во манастирот 87 години. Конечно монасите успеале да го превземат назад, меѓутоа никој не знае како.
  17. На Метеори се снимани сцени од еден од филмовите на Џемс Бонд, For Your Eyes Only. 
  18. Метеора значи распрскано во воздухот. 

Извор: http://monkeysandmountains.com/meteora-monasteries

31.03.2017