Некои го нарекуваат остров од емералд поради спектакуланата боја на морското крајбрежје, други мермерен остров, поради белиот мермер скриен во густите борови шуми. Со својата специфична убавина, Тасос е помеѓу омилените дестинации за летување, не само поради природните убавини, туку и поради близината, поволните цени и возможната пристапност до сите повеќе и помалку откриени места на островот.

Како да дојдете со кола до Тасос?

Доколку појдовната точка е Битола, растојанието е 370км до пристаништето Керамоти и времето на возење  е околу 4 и пол часа. Доколку појдовната точка е Скопје, растојанието до пристаништето е 420км и времето на возење е околу 4 и пол часа. Цената на бродот за автомобил е 17 евра од правец, а по патник е 3,5 евра. Бродот застанува во пристаништето во Лименас, односно главниот град на островот.

Што да посетите на Тасос и како со кои активности да го исполните своето време?

1. Мермерната Плажа – Салиара

Кога ја замислувате Мермерната Плажа, слободно замислете едно мало парче од рајот! Тоа е мала плажа која наместо песок има многу мали, нежни мермерни камчиња и сино-зелена боја на водата каква што ретко каде може да се види. Има три заливи, на вториот се наоѓа бар каде што може да уживате со пијалок и убава музика. Третиот залив е песочен и со помалу солена вода поради изворите кои тука се влеваат од планината.

До овие плажи се доаѓа од главниот град на Тасос и пристапот не е баш едноставен. Треба да минете низ борови шуми и земјени патишта, но секој минат метер е вреден за убавината која тука ве очекува.

2. Златната Плажа – Голден Бич

Лоцирана на источната страна на островот, Златната Плажа е една од најпопуларните плажи за туристите и е лоцирна блиску до Скала Потамиа. Песокото е ситен, нема карпи, водата е сосема чиста и сите кои патуваат со деца може сосема да се опуштат знаејќи дека водата не е многу длабока. Покрај плажата има бројни таверни со вкусна храна.

3. Селото Теологос (зборот Божји)

Лоцирано во центарот на островот, селото Теологос е една од првите населби во Егејот. До Теологос се доаѓа од Потос, искачувајќи се 12км низ ридовите. Тесни улички наредени со камени куќи со убаво уредени цветни дворови, таверни во кои главен специјалитет е јарешко месо на жар, многу маслинки и улишта со пчели.

4. Гиола – природен базен

Сместено јужно, Гиола или базенот на сирените, е место кое едноставно не може да не го засакате, без оглед на тоа дали би се осмелиле да влезете во него или не. Како што кажува и името, се работи за природен базен, издлабен во обалата од варовник и мермер. До Гиола се стигнува по околу 500м метри пешачење или возење со мотор, надолу од главниот пат. Покрај базенот има место за сите кои сакаат да уживаат во поголем комфор или песочна плажа, меѓутоа местото е дефинитвно број еден за сите кои сакаат адреналин и да ги испробаат своите вештини во скокови во вода.

5. Рајската Плажа – Парадајс Бич

Со источна поставеност на островот, ова е многу убава плажа. Песокот е ситен, водата е многу чиста и сите кои пливаат малку подалеку од брегот може да забележат мноштво на различни риби. Нуркачите може да уживаат во убавината на корали и октоподи. Голема предност на оваа плажа е барот каде освежувањата се со релативно ниска цена. Друга предност е тоа што левиот дел од оваа плажа е резервиран за нудисти. Негативната страна на плажата е земјениот пат кој треба да се мине за да се стигне до плажата.

6. Панагиа

На североистокот од островот, во близина на Златната Плажа, се наоѓа селото Потамиа. Задолжителна постојка за секој посетител на Тасос. Камени куќи убаво обоени, глинени покриви, бројни таверни и продавници за мед со овошни плодови се само дел од убавините на ова село. Тука се наоѓа и Изворот на Вљубените за кој е врзана интересна легдена, чии води диво стрмоглаво течат низ куќите во селото.

7. Плажата Пахис

На северот на островот, плажата Пахис е една боемска плажа, со грчка музика во позадина, стари барови и таверни на плажата, ситен песок, кристално провидна вода и многу високи борови кои нудат широки сенки. Голема предност на оваа плажа е токму траекторијата на сонцето кон запад.

8. Тасос – главниот град на островот

На најсеверниот дел од островот, овој пристанишен град е многу помодернизиран од остатокот од островот, меѓутоа сеуште се зачувани и многу симболи од минатото, рибарски кајчиња и стари таверни покрај пристаништето. Нема многу атракции за посетување, но има неодолив шарм кој ке ве привлече како магнет.

9. Лименариа

Лоцирана на југот од островот, Лименариа е вториот најголем град на Тасос. Град со впечатлива убавина, кој ви нуди релаксирачки прошетки по тесните улици преполни со продавници или вечера во таверна на самиот морски брег. Може да уживате на плажата во Лименарија, песочна, со плитка вода и погодна ако патувате со деца или на најблиската плажа Металиа. Палатаки е најпопуларното место во градот, на самиот рид, оставено да претставува скапоцен камен на карпа. Ова е најважниот индустриски споменик на медитеранот и извонреден пример на централно европска архитектура од раниот 20ти век. На самиот рид, магацините од поранешнот рудник се место каде денес посетителите може да уживаат во бројни музички и театарски изведби. Од Лименарија може да одите во селото Мариес и да си купите највкусен ливадски мед или пак нагоре по ридовите до езерото и водопадот.

10. Нуркање

Дали некогаш сте сакале да пробате да нуркате? Тука ја имате вистинската можност. Група белгиски нуркачи имаат добро развиени центри за нуркање на Тасос, во Скала Принос, Скала Потамиа и Лименариа. Цената на ваква авантура е околу 40 евра, а трае 30 минути. Се разбира, бидејќи се работи за нуркање за почетници, се почнува од 2 метри, до длабочина од 5 метри.

11. Мермерен коп

Сигурно не многумина имале можност да видат како изгледа мермерн коп. На Тасос ги има на повеќе места и тука се вади најубавиот бел мермер на светот. Одвојте дел од своето време за да ја видите и оваа страна на островот.

12. Барот Ла Скала

Лоциран на северот на островот, на само 5км од главниот град, Ла Скала е еден од најубавите барови на плажа во Грција. Се што може да посакате од еден бар на плажа може да го најдете овде.

13. Манастирот Св. Архангел Михаил

Манастриот се наоѓа на југоисточниот дел од островот, токму пред Алики. Тука пределот станува див, вегетацијата се намалува и стрмни карпи се спуштаат кон морето. Изграден на работ на гребенот, со неверојатен поглед кон Егејско Море и Атос, ви дава чувство дека лебдите во воздухот. Во манастирскиот комплекс има повеќе објекти, конаци за манастири, гости и главната црква.

И ова е само дел од се она што може да посетите додека престојувате на островот Тасос. Со обиколка од 100 км и низа на превозни средства (автобуси, рент-а-кар, моторчиња, џипови) за да стигнете до сите краеви на островот, имате бројни прилики за истражување, откривање и уживање во неповторливите убавини на Тасос. 

Извор:http://www.cristian-negoita.ro

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Мермерна плажа

Теологос

Теологос

Гиола

Рајска плажа

Рајска плажа

Панагиа

Плажа Пахис

Плажа Пахис

Тасос (Лименас)

Тасос (Лименас)

Лименарија

Лименарија

Лименарија

Нуркање

Мермерен коп

Ла Скала

Ла Скала

Св. Архангел Михаил