Бали за денот на вљубените

14-25.02.2018

 

Цена по лице од 675 еур

12 дена / 09 ноќевања НП + авионски превоз + трансфер

 

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголеми се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан ) и Нова Гвинеја (западен дел). Со нејзиното население (238 милиони) Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, најголем дел од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, а тоа и најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливо население, храната која е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан што се локализирани на ова мало парче рај од земјата, сигурно ќе го задоволат вашиот вкус...

 

14.02.2018: Скопје – Доха

Состанок на групата на Александар Велики, два часа пред лет. Полетување од Скопје во 11:40 часот и слетување во Доха 18:15 часот.


15.02.2018: Доха - Денпасар, Бали

Полетување за Доха е во 03:15 часот. Пристигнување во Денпасар во 17:20 часот. Пречек на аеродромот од страна на претставник на партнерскаста компанија и трансфер во хотелот во Кута / Нуса Дуа. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање. 

 

16.02.2018 – 24.02.2018 : Бали

Бали е инспирација, магичен остров кој има недопрени плажи, вулкани и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот кои ја слават својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е скапоцен камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи, да ги осетите благодетите на арома терапијата, може да да го испразните вашиот ум со јога и Тај Чи, да сурфате или да пробате да се пазарите на традиционалните пазари.

Авантурата на Бали започнува на плажа, со балински специјалитети, егзотична комбинација на вкус. Уживајте во идиличната атмосфера на мек златен песок и прекрасен залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционални џакузи ритуали и легенди. Уживајте во прекраната  миризба на ароматичните масла при масажа кај Индонезиските масери и заборавете на секојдневниот живот, бидејќи вашата реалност станува ова рајско место. Дозволете Бали да Ве заведе со својот специјален шарм.

Можност за организација на факултативни излети – Јужен Бали, малиот храм кој е изграден на работ на една карпа, Убуд со посета на светата шума на мајмуните, посета на Кралскиот  Храм на Mengwi, посета на терасите од ориз како карактеристична слика на Бали ...


24 -25.02.2018: Бали/ Денпасар – Доха - Скопје

Појадок. Слободни активности. Трансфер од хотел до аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines во вечерните часови.

Полетување од аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines  во 19:00 часот. Слетување во Доха во 23:40. Полетување од Доха во 07:00 и слетување во 10:40 во Скопје на 25.02.

Цени на пакет аранжман по лице за сместување во стандардна двокреветна соба:

 

 

Сместување/хотел

Тип на соба

Тип на исхрана

Цена по лице

Budget paket Kuta 3* htl:

Double room

Со појадок

675€

Standar paket 4* Nusa Duba :

Double room

Со појадок

785€

 Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Цената е валидна до поплнување на места по групна тарифа од авио компанија 

 

Во цената е вклучено :

¯  Авионски билет на релација Скопје-Доха-Денпасар-Доха-Скопје со Qatar Airways сo вклучен багаж 30 кг;

¯  09 ноќевања во хотел по избор на Бали на база на соодветниот тип на исхрана;

¯  Трансфер  аеродром – хотел – аеродром ;

¯  Пречек на Бали од  претставник (англиски јазик);

¯  Технички пратител на група


 Цената не вклучува :

¯  Аердромски такси од 299€;

¯  Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;

¯  Факултативни тури

 

Услови :

¯  При резервација се плаќа депозит од 30%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање.

¯  Понудата важи за минимум 15 пријавени патници.

¯  За ова патување не се потребни медицински имунизации.

¯  Рок за известување за недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање.

¯  Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

¯  Задолжително патничко осигурување      

 

Неопходни документи:

 За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови: валиден пасош и потврда за извршена хотелска резервација. 

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

¯  Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

¯  Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.