Како што се наближува декември, ширум Европа се повеќе се чувствува Божиќниот дух, најдобро отелотворен во Божиќните маркети поставени во Европските метрополи. Овие маркети се вистинска зимска слика на културата и традициите на различни градови, воодушевувајќи ги посетителите со спектакуларното осветлување, традиционалната празнична храна која се подготвува, необичните подароци...

Главниот град на Унгарија е добрo позната атрактивна дестинција кај туристите кои се заинтересирани за различни манифестации и културни настани, па голем број на туристи доаѓаат во Будимпешта во текот на зимата за да бидат дел од убавината на градот во периoдот околу Божиќ. Божиќниот маркет на Верешмарти Плоштадот е исклучително популарен и посетителите може да уживаат во големиот избор на рачно изработени прозиводи, кои секако ги задоволуваат стандардите за квалитет, според што претходно и се избираат учесниците на овој маркет. Овој Божиќен маркет е избран за еден од најубавите во Европа, особено популарен по големиот избор на необични подароци. Покрај тоа, проценет е и како најевтин, што го прави уште подостапен за посетители од цела Европа.

Како и секоја година, така и оваа, специјалитетите кои ќе може да се пробаат на маркетот ќе бидат пред се дел од традиционалните зимски и Божиќни јадења и пијалоци. Меѓутоа, ќе може да се пробаат и новитети како пунч од малини. Покрај тоа годинава, за прв пат, во рамките на овој маркет се организира и акција за донирање на книги кои потоа ќе бидат доставени до социјалните институции во Будимпешта на кои им се потребни.

Посетете го Верешмарти Плоштадот, за релаксација и опуштање на крајот од годината, нека Ве понесе блескавоста на Божиќните сувенири, мирисот на  колачиња со мед и цимет, празничната музика. Уживајте во Божиќниот дух во срцето на Будимпешта!

Извор: www.dailynewshungary.com

20.11.2016