ПРИРОДЕН БАЗЕН - ГИОЛА

Велат дека Бог бил многу дарежлив кога го создавал Тасос! Еден од најубавите природни подароци е базенот во карпите ГИОЛА.

Базенот се наоѓа сосем блиску до морето. Бојата на водата е кристално чиста и провидна, светлозелена или темнозелена. Бојата на водата особено доаѓа до израз поради контрастот со темно сината морската вода. Базенот природно се полни од морето под карпите, па водата во него е солена. Најинтересниот впечаток е кога брановите го заплискуваат базенот. Во него водата е секогаш потопла отколку во морето, па пливањето во базенот е повеќе од пријатно.

Според легендата базенот го претставува Окото на Звес, со кое ја надгледувал неговата љубовница.  По друга легенда Зевс ја створил Гиола за Афродита да ужива во базенот, па се вика уште и солзата на Афордита.

Гиола се наоѓа во местото Астрис. Кога од правец на Потос, доаѓате во Астрис, возете се до излезот од местото. Околу 300-400 метри после хотелот Aeria, ќе видите табла на која пишува "Sirines" од десната страна на магистралата. Тука се исклучувате од магистралниот пат и поаѓате по земјен пат надолу кон морето, се до една камена куќичка. Земјениот пат е стрмен и нерамен. Најдобро е тука да го оставите автомобилот кај камената кукичка и надолу да продолжите пешки. Од камената уличка се спуштате кон морето некои пет до десет минути и стигнувате до местото кое го одзема здивот дури и на оние кои не се љубители на авантура. 

Друга можност да го видите овој природен базен е преку крстарењето кое поаѓа од Лименарија или Потос, меѓутоа на овој начин, од надворешната страна, од отворено море, не може да се влезе во Гиола.

Карпите кои го опкружуваат базенот на места се високи до 8 метри, а базенот е околу 20х15 метри голем. На местото нема ниту песок, ниту сенки, само дивата природна убавина, силните бранови, синото море и окото на боговите. Како едно од главните обележја на островот, наша препорака е да не пропуштате да го посетите!