АМУЛИЈАНИ

 

Објект кој се наоѓа во Амулијани, на околу 500 метри од пристаништето, а на само 20 метри од една од малите плажи во самото место Амулијани. Во близина на објектот, на 30 метри се наоѓа прекрасната таверна Јанис. На кратко пешачко растојание се наоѓаат и маркети, пекара, кафе бар. Апартманите се на приземје, двоспални за 3, 4 или 5 лица, односно располагаат со две спални соби, посебна просторија во која има комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, WI-FI, клима уред (користењето е вклучено во цената).

 

ТЕРМИН :

1/3 апп

1/4 апп

1/5 апп

31.05-07.06

99 €

109 €

119 €

07.06-14.06

129 €

139 €

149 €

14.06-21.06

149 €

159 €

169 €

21.06-28.06

169 €

179 €

189 €

28.06-05.07

189 €

199 €

209 €

05.07-12.07

209 €

219 €

229 €

12.07-19.07

229 €

239 €

249 €

19.07-26.07

249 €

259 €

269 €

26.07-02.08

269 €

279 €

289 €

02.08-09.08

299 €

309 €

319 €

09.08-16.08

299 €

309 €

319 €

16.08-23.08

289 €

299 €

309 €

23.08-30.08

269 €

279 €

289 €

30.08-06.09

199 €

209 €

219 €

10.09-17.09

139 €

149 €

159 €

17.09-24.09

109 €

119 €

129 €

24.09-01.10

99 €

109 €

119 €

 

Цени:

 - Се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 25€ од вкупната цена по лице

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Трето, четврто и петто лице или деца над 6 год. имаат бесплатно сместување во 1/3, 1/4 и 1/5 апартман, плаќаат само превоз 25€

- Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/3 или 1/4 апартман (плаќа само превоз 25€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

- Во 1/5 апартман дозволено е сместување на онолку лица колку што има кревети

 

Попусти:

 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

 - Секој петок поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

- Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 25€ по лице

- 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

- При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

- Задолжително е здравствено и патничко осигурување

- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ.

- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

 

 ВЕРЗИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ