Дочекот на Новата Година во Белград на плоштад е несекојдневен настан кој со нетрпение се очекува цела година, а се дочекува на плоштад. Тоа е време кога цел Белград е накитен со новогодишни украси, кои можат да се видат веќе од средината на месец декември. Дочекот на Новата Година е вистински спектакл, многу се одлучуваат да ја дочекаат во клубови, сплавови или во некој популарен ресторан. Повозрасните обично избираат ресторани со жива музика.

Во Белград во периодот околу празниците може да се најде секаков вид на забава, од кои издвојуваме, крстарење по Белградските реки, дочек на ски-патеки, журки на отворено, многубројни понуди во кафичи и така натаму. Меѓутоа, голем дел од населението и посетителите се одлучуваат да ја прослават и дочекаат Новата Година на плоштад. Главниот плоштад во Белград, популарно наречен само “Плоштад”, а официјално “Плоштад на Републиката” – секоја година е домаќин на многубројни музичари, некои од нив помали, а некои поголеми звезди на музичката сцена.

Но, Плоштадот не е единствено место за забава за Нова Година во Белград. И многу други Белградски плоштади нудат новогодишна програма, бини со настапи на разни музичари и ДЏ-и. Многу често, пред Народното Собрание, публиката ужива во концерти во одлично озвучување и осветлување. На Славија најчесто е поставена огромна украсена елка со што цел плоштад е претворен во бина. На улиците можат да се најдат многу улични свирачи како посебна атракција на Белград. На шарените тезги, посетителите можат да купат новогодишни сувенири и украси, а повеќето од нив се уникатни изработки.

Бидете и Вие дел од новогодишното белградско шаренило!

Извор: http://www.docek-nove-godine.com

07.12.2016