ТАСОС - ЛИМЕНАРИЈА

Објект со централна положба во Лименарија, на 200 метри од плажата во Лименарија и 300 метри од една од најубавите плажи во тој дел на Тасос, плажата Металиа. Сместен на мирно место, со убава градина, во својот склоп има студија и апартмани на високо приземје. Студиjата располагаат со комплетно опремена кујна, тоалет, балкони, ТВ, Wi-Fi, клима уред (со дневна доплата од 5€). Апартманите се едноспални, односно располагаат со две соби од кои во едната е сместена кујна, а одделно тоалет и балкони.

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ...

ТЕРМИН :

Ноќи

1/2 стд

1/2+1

стд

1/3+1

стд

1/4

апп

02.06-09.06

7

89 €

94 €

104 €

129 €

09.06-16.06

7

109 €

114 €

124 €

149 €

16.06-23.06

7

129 €

134 €

144 €

169 €

23.06-30.06

7

139 €

144 €

154 €

189 €

30.06-09.07

9

189 €

194 €

204 €

269 €

09.07-18.07

9

199 €

204 €

214 €

289 €

18.07-27.07

9

219 €

224 €

234 €

309 €

27.07-05.08

9

229 €

234 €

244 €

329 €

05.08-14.08

9

229 €

234 €

244 €

329 €

14.08-23.08

9

219 €

224 €

234 €

329 €

23.08-01.09

9

199 €

204 €

214 €

299 €

01.09-08.09

7

139 €

144 €

154 €

199 €

08.09-15.09

7

119 €

124 €

134 €

159 €

15.09-22.09

7

99 €

104 €

114 €

129 €

22.09-29.09

7

89 €

94 €

104 €

119 €

 

Цени:

  • Се дадени по лице за минимум две платежни лица, за 7 или 9 ноќевања, со вклучен автобуски и бродски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден 
  • За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице. 

 

Сместување: 

  • Трето и четврто лице како и деца 2-12 год. имаат бесплатно сместување, плаќаат само превоз 35€
  • Користењето на клима уред е со доплата од 5€ на ден
  • Во студијата или апартманите можат да се сместат онолку лица колку што има кревети

 

Попусти:

  • 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини 
  • 20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ
  • 15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ
  • 10% за целосна уплата во МАРТ
  • 5% за целосна уплата воАПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

  • Поаѓање од Битола според термините во табелата, во 03:30 час. враќање во 14:00 час.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
  • Цена за само автобуски и бродски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице
  • 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

  • За резервација со попуст, потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст
  • При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената
  • Задолжително е здравствено и патничко осигурување
  • Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи.
  • Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.
  • Од 2018 година во Грција ќе се воведе туристичка такса која гостите ќе ја плаќаат директно во сместувачките капацитети. Износот на туристичката такса ќе се објави од грчките власти на почетокот на годината.

 

Куќен ред:

  • Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот
  • Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
  • При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставниците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

 

ВЕРЗИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ