Јануари во Виена е мирен месец кога се работи за туристички патувања, што значи поголема можност да го истражувате градот сами и да се приближите до локалното население. Гледајте го бесплатно Новогодишниот концерт, посетете барокна театарска претстава, бидете дел од некој Виенски бал или едноставно... лизгајте на мраз.

 

9та Симфонија на Бетовен (1ви Јануари)

Не очајувајте затоа што немате влезници за Новогодишниот концерт. Локално население и туристи ќе се соберат во убавата концертна сала во Art Déco Konzerthaus за да ја примат својата доза убава музика од Бетовен: неговата 9та Симфонија е една од најпознатите композиции во западниот свет. Очекувајте брилијантна изведба од Виенскиот Симфониски Оркестар и хорот на виенската академија за пеење. 

Термин: 30 и 31 декември во 19:00 и 20:00, 01 јануари во 20:00 часот

Локација: Wiener Konzerthaus, Lothringer Strasse 3, 1010 Vienna

 

Новогодишниот концерт (1ви Јануари)

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија е помеѓу главните културни обележја на Виена. Секако е и вистинско уживање за секој љубител на класичната музика.

Термин: 1ви Јануари 11:15 часот

Локација: Vienna Musikverein. Секако, до влезниците е навистина тешко да се дојде, па како замена гледајте го преносот во живо во центарот на Виена, пред Операта или пред Општината. Облечете се добро!

 

Изложба: Виенски бидермаер

Каков беше животот во Виена и на владетелите во 19ти век? Романтичен! Сликарите од стилот бидермаер цртале воодушевувачки пејсажи, убави луѓе, колоритна мртва природа и хармонични семејства со апсолутно мајсторство. Се изработувал скап мебел од сјајни дрва и квалитетни материјали за новата средна класа. Оваа изложба е популарна, но и веродостојна перспектива на виенскиот живот пред некои 170 години. Исто е добра можност да дознаете повеќе за сликарот од 19ти век Georg Ferdinand Waldmüller.

Термин: до 12ти февруари 2017

Локација: Долен Белведере

Влезници: 12 евра (бесплатно за деца до 18 години)  

 

Оперета “Лилјакот” на Јохан Штраус

Првиот ден од Новата Година е тивок во Виена. Но, не завршува се со завршувањето на новогодишниот концерт. Ако сте ја пропуштиле изведбата на оперетата “Лилјакот” претходната ноќ, може да уживате во неа на првиот ден од новата година. Оперетата ја отсликува Виена во 19ти век, со мелодии на валцер, среќни песни и убави костими.

Локација: Државната Опера во Виена

 

Изложба: Екстраваганден барок

На изложбата Spettacolo Barocco може да ја следите од самот корен љубовта кон драма на Виенскиот народ. Владетелите сакале грандиозни прослави, луксузни паради и опери и гламурозни танцови. Театарскиот музеј од Виена прикажува неверојатни артефакти од барокниот театар, многу од кои се ретки оригинали. Освен тоа, музејот е сместен во прекрасната барокна палата Lobkowitz.

Термин: до 30ти јануари 2017

Локација: Lobkowitzplatz 1

Влезници: 8 евра 

 

Виенски кафе-разговори

Дали сте и вие тип на туристи кои сакаат да разговараат со локалното население? Еднаш месечно, локална група за развој на културата во Виена, организира средби помеѓу жителите на Виена и туристите, со кафе, вкусна храна и палета од интересни прашања во традиционална виенска кафетерија.

Термин: 26ти јануари 2017

 

Лизгање во Виена

“Виенскиот сон од мраз”, големо лизгалиште е поставено пред Општината. Всушност, може да продолжите со гледањето на знаменитостите додека лизгате бидејќи сте опкружени со зградата на Општината, булеварот Рингштрасе, Бургтеатар и Виенскиот Универзитет. Има вкупно 4 лизгалишта (7.000м2). Најголемото е поврзано со голема патека за лизгање која се протега низ Општинскиот Парк.

Термин: од 21ви јануари до 06ти март 2017

Работно време: 09:00 - 22:00

 

Карлинг на каналот

Карлингот има долга традиција во Австрија и е забавен за минување на зимското време. Оваа година, виенскиот брод Badeschiff ќе ви ги отвори своите врати за карлинг на неговиот базен. Базенот е долг 25 метри и ќе има две ленти. Уште една лента е достапна на брегот. На горната палуба се служат коктели и варени вина и се пружа прекрасен поглед долж Дунавскиот Канал.

Термин: ноември 2016 до 15ти март 2017

Резервации: патеките може да се резервираат за цена од 25 евра до 16:00 часот и 45 евра после 16:00 часот, за времетраење од 30 минути.

 

Виенски бал со Виенската Филхармонија

Балот на кој свири Виенскиот филхармониски оркестар е еден од најубавите настани во Виена во јануари. Тој е можеби и најубавиот и најавтентичниот виенски бал, кој се одржува во концертната сала Musikverein. Ретко се наоѓа во стандардните понуди за настани, повеќе може да се добие како совет од искусен посетител на Виена.

Термин: 15ти јануари 2017  

 

Часови по валцер

Додека сезоната на балови е во ек, искористете ја можноста да научите или да ги освежите вашите танцувачки вештини. Англискиот инструктор по танц ќе ве научи на основните чекори на виенскиот валцер на музиката на краловите на валцерот Јохан Штраус и Јосеф Ланер во само еден час.

 

Најдобри настани на класична музка во јануари

Календарот на Државната Виенска Опера за јануари 2017 содржи 6 од најдобрите опери. Навистина не е важно кој ден сте слободни за да ги посетите, ако сте вљубеник во музиката на Верди, Росини, Моцарт, Штраус. Во овие настани се вбројува и концертот “Четири Сеозни” на Вивалди во барокната Karlskirche. Вивалди ја поминал својата пoследна година од животот во Виена и е закопан под Техничкиот универзитет, на само неколку метри од Karlskirche.  

 

Доколку не сте во можност да отпатувате во Виена во текот на овој месец, Ви ја доловуваме денешната зимска атмосфера во градот со неколку снежни фотографии:


Извор: http://www.vienna-unwrapped.com/

09.01.2017