Истанбул, за дочекот на Новата 2017 година, можеби не е првото место кое ви доаѓа на ум, кога се работи за забава и прослава, но бидете сигурни дека овој град пријатно ќе ве изненади со големиот број на возбудливи свечености кои се одржуваат во овој период од годината.

И покрај тоа што Божиќ не се слави во овој регион, градот станува особено жив за време на новогодишните празници и станува позабавен од повеќе дестинации ширум светот. Турскиот народ ужива во новогодишниот огномет и се труди прославите да ги направи што е можно поспектакуларни кога се работи за оваа ноќ.

На новогодишната ноќ во Истанбул ќе се измешате со толпа луѓе што прославуваат низ целиот град, особено на плоштадот Таксим, кој нуди жива атмосфера од пладне па се до огнометот на полноќ кој се пука од неколку точки ширум градот. Мостот на Босфор е најспектакуларна и најпопуларна глетка, кога огнометот го осветлува широкото небо и се дави во водите на Босфорот.  

Покрај дочекот на Таксим или во некој од популарните ресторани со вкусно мени и луда забава, токму еден од најдобрите начини да ја дочекате Новата Година во Истанбул е со крстарење по Босфор, со свечена вечера, музика и неповторлива глетка на огнометот.

Извор: http://www.newyearseveistanbul2015.com

07.12.2016