СУТОМОРЕ

Објект кој се наоѓа на почетокот на Сутоморе, на 200 метри од долгата плажа, една од поубавите на црногорското крајбрежје, под магистралата. Блиску до објектот се наоѓаат пекари, ресторани, маркети. Објектот располага со двокреветни и трокреветни соби на приземје, прв и втор кат. Собите се опремени со сопствени купатила, тераси, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената), Wi-Fi и фрижидер. Во склоп на објекот се наоѓа мал ресторан во кој се служи појадок, а во текот на денот може да се користи како бар со многу поволни цени.

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ...

ТЕРМИН

Ноќи 

1/2

1/3

17.06 - 24.06

7

99 €

119 €

24.06 - 01.07

7

119 €

139 €

01.07 - 10.07

9

149 €

179 €

10.07 - 19.07

9

169 €

199 €

19.07 - 28.07

9

189 €

219 €

28.07 - 06.08

9

189 €

219 €

06.08 - 15.08

9

189 €

219 €

15.08 - 24.08

9

169 €

199 €

24.08 - 02.09

9

149 €

179 €

02.09 - 09.09

7

119 €

139 €

09.09 - 16.09

7

99 €

119 €

 

 

Цени:

  • Се дадени по лице за минимум две платежни лица, за 7 или 9 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден 
  • Доплата за појадок (шведска маса) 2.5€ по лице од ноќевање. 
  • За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице. 

 

Сместување: 

  • Трето, четврто и петто лице како и деца 2-12 год. имаат бесплатно сместување, плаќаат превоз 35€
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот
  • Во студијата или апартманите можат да се сместат онолку лица колку што има кревети

 

Попусти:

  • 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини 
  • 20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ
  • 15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ
  • 10% за целосна уплата во МАРТ
  • 5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

  • Поаѓање од Битола според термините во табелата  во 02:00 часот, враќање во времето посочено од пратителот на групата 
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
  • Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице
  • 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Кичево и Прилеп

 

Напомена:

  • За резервација со попуст, потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст
  • При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената
  • Задолжително е здравствено и патничко осигурување
  • Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи.
  • Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

  • Собите се напуштаат во 08:00 часот, во собите се влегува после 13:00 часот
  • Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават собите во пристојно чиста состојба.
  • При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на собите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • Гостите се должни да ги остават собите во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во собите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставниците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

 

ВЕРЗИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ