Цена

Во цената се опфатени само условите наведени во програмата, организаторот може да ги зголеми цените на аранжманот и да бара доплата доколку е дојдено до промени на цените на хотелските услуги, промени на тарифата на превозот и промена на курсот на пазарот.
Во цената на аранжманот не е пресметано следното:
- Трошоците кои патникот ќе ги направи самиот (телефонски разговори од собата, трошоци за факултативни излети, аеродромски такси кои не се пресметани во програмата).

Резервација-упис

При резервација странката уплаќа 30% од вредноста на аранжманот, остатокот се уплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Откази

Во случај на отказ патникот е должен да плати:

  1. За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90% од цената на аранжманот.
  2. За отказ од 3-5 дена пред поаѓање се задржува иснос од 70% од цената на аранжманот.
  3. За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува иснос од 50% од цената на аранжманот.
  4. За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува иснос од 10% од цената на аранжманот.

Аванс

Во случај на отказ авансот не се враќа.

Одговорност на реализаторот

Организаторот не може да ја превземе одговорноста за штети кои би можеле да настанат со измена на програмата поради виша сила. Организаторот го задржува правото да го откаже или одложи патувањето во случај на недоволен минимален број на патници предвидени спрема програмата, најмалку 7 дена пред поаѓање. Во тој случај организаторот е должен да му ја врати уплатата во целост во рок од 8 дена од отказот и патникот неможе да бара никакво обештетување. Организаторот од оправдани причини, делумно може да ја измени програмата, а при тоа да го известии патникот најмалку 7 дена пред поаѓање, ако патникот се откаже од патувањето да му се врати во целос уплатената сума во рок од 8 дена. Организаторот може од оправдани причини да изврши замена на договореното сместување за објект од истата или повисока категорија (на своја сметка), а во случај на замена на пониска категорија, ќе го обештети патникот во износ од стварната разлика во цената помеѓу две сместувања.

Багаж

Во случај на оштетување или губење на багажот, барањето за надокнада и обештетување, патникот е должен да го даде директно на авто-превозникот, дирекцијата на хотелот или агенцијата која врши автобуски превоз, во зависност од тоа каде дошло до губење или оштета.

Патни исправи

Секој патник должен е да обезбеди важечки пасош за патување во странство. Организаторот не превзема никаква одговорност доколку пасошот е неисправен или доколку патникот го изгуби пасошот. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или емиграционото одделение на странската земја во која се патува не одобри влез во неа.

Рекламации

Сите рекламации патникот е должен да ги направи на лице место со писмена изјава на пратителот на групата или организаторот на патувањето. По враќањето патникот е должен во рок од 8 дена да се обрати на организаторот на патувањето по писмен пат. Сите рекламации кои не ги исполнуваат овие два услови не се земаат во предвид.

Важни напомени

Според угостителските правила гостинот има право да ја користи собата од 14:00 часот на денот на пристигнувањето, а најкасно до 10:00 часот на денот на заминувањето. Во случај да не се одјави собата до 10:00 часот хотелот ќе наплати трошоци за уште еден ден. Доколку патникот од кои било причини го прекини патувањето, противредноста на неиско- ристените услуги не се рефундира. Хотелот е должен да ги овозможи само угостителските услуги назначени на ваучерот.

Царински информации

Со желба да го олесниме Вашето влегување и излегување од Република Македонија сакаме да Ве информираме за Вашите права и обврски.

СТОКИ КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРИЈАВАТ
Ако сте државјанин на Р.Македонија или странски државјанин и пристигнувате од странство, имате право на следниве царински повласници:

  1. Тутунски производи:
    200 цигари или 50 пури или 250 гр. тутун за пушење.
  2. Алкохол и алкохолни пијалоци:
    2 литри на вино и 1 литар на алкохолен или жесток пијалок
  3. Парфем: 50 мл. или тоалетна вода 250 мл.
  4. Предмети чија вредност не надминува 50 евра и ако тие предмети не се наменети за продажба туку се наменети за лична употреба или како подарок.
  5. Фотоапарат, Лап Топ, Камера спаѓаат во група на личен багаж.

СТОКИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ
Македонските државјани мора да ги пријават:

  1. Стоки за продажба или комерцијална намена
  2. Стоки чија вкупна вредност надминува 50 евра
  3. Стоки кои се забранети за увоз или чиј увоз е ограничен и за кои се потребни специјални дозволи или сертификати (дрога, оружје, животни, растенија, семиња, производи од растително и животинско потекло итн.)

ПРОМЕТ НА ПАРИ
При влез во земјата резидентите можат да внесат 10.000 € во девизи и чекови до 20.000 денари по лице и должни се да ги пријават на царинските органи.
Нерезидентните можат да внесат до 2.000 € и чекови до 20.000 денари по лице. Должни се да ги пријават на царинскиот орган девизите над 2.000 € при што задолжително добиваат писмена потврда од царинските органи.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лицата кои се со променети лични податоци, задолжително пред поаѓање да се консултираат со најблиската полициска станица. За промена на лични податоци се сметаат: моминско презиме, стара адреса на живеење или промена на име.

ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

За патување во Грција ЗАДОЛЖИТЕЛНО да поседува Патничко осигурување и влезна виза која е дадена при влез во Р. Грција, по исполнување на  Грчката влезно-излезна виза самиот грчки полицаец ја променува со нова виза.