Дали знаевте:


- Дека Октој е најстарата печатена книга во Црна Гора, испечатена во Цетиње во 1494 година?

- Дека Црна Гора беше прогласена за Еколошка држава во 1992 година?

- Дека Црквине е местото со најмногу дождливи денови во Европа?

- Дека Лонг Бич во Улцињ е најдолга плажа на Јадранското Море (13км)?

- Дека Hypnos Мозаикот во Рисан посветен на Богот на спиењето е единствената позната слика на ова божество во светот?

- Дека манастирот Острог е еден од најпосетуваните светилишта во христијанскиот свет?

- Дека повеќето од реките во Црна Гора припаѓаат на сливот на Црното Море, иако Црна Гора е јадранска држава?

- Дека Старото маслиново дрво (кое се наоѓа во Бар) е едно од најстарите дрвја во Европа (постаро од 2000 години)?

- Дека Мавзолејот на Његош кој се наоѓа на планината Ловчен е највисокиот мавзолеј на светот?

- Дека заливот Бока е најјужниот фјорд во светот? 

- Дека Кањонот Тара е најдлабокиот кањон во Европа, а втор по длабочина во светот?

- Дека Мостот на Мала Ријека е највисокиот железнички мост во Европа и меѓу највисоките во светот (висок 203 и долг речиси 500 метри)?

- Дека Скадарско Езеро е најголемото езеро на Балканскиот полуостров?

- Дека Црна Гора е една од топ туристичките дестинации во последните неколку години?

- Дека Котор е избран како бр.1. - НАЈДОБРИОТ град  за патување во светот?

- Дека мостот на реката Тара е избран меѓу 20те најубави мостови на планетата?

- Дека Црна Гора има 5 национални паркови (Ловчен, Скадарско Езеро, Дурмитор, Биоградска Гора, Проклетије)?