Традициите поврзани со прославите секогаш се разликуваат низ целиот свет, па дури и низ различни региони во една држава. Унгарија не е исклучок со својот разнобоен спектар на традиции и фолклор. Божиќ е еден од најомилените периоди во годината, па затоа да разгледаме неколку Унгарски традиции поврзани со оваа прослава.  Околу Божиќ се собрани многу зимски традиции, кои се сменувале со текот на времето, варирале низ вековите. Денес, новогодишната елка и давањето подароци се во центарот на вниманието, кои се навики од модерното време. Традицијата за новогодишната елка се раширила во 17-тиот век во Германија. Легендата вели дека Мартин Лутер бил првиот што накитил новогодишна елка за своите деца. Мислењата за навиките и обичаите во Унгарија се различни. Барон Frigyes Podmaniczky во неговите мемоари пишува дека негова познаничка од женски пол (според други извори неговата мајка) накитила новогодишна елка кога тој бил дете, околу 1825 година. И Унгарите оттука веруваат дека дошла таа традиција. Други извори велат дека Terez Brunszvik, основачот на првата градинка во Унгарија бил првиот што имал новогодишна елка во 1824 година. Едно е сигурно, обичајот навистина се раширил во 19-тиот век, воглавно кај благородничките семејства, поттикнати од кралскиот дворец во Виена. Потоа, побогатите граѓани кои пак сакале да ги следат навиките на благородниците ја презеле оваа традиција. Тоа стана дел од сите општествени класи во 1930-тите.

Давањето подароци не беше дел од традицијата на  Божиќ долго време. Според народното верување, подароците ги дава неземско суштество. Во повеќето земји тоа е Дедо Мраз, но во Унгарија го прославуваат Свети Никола на 6-ти Декември. Нему Унгарските деца му пишуваат писма и листа со желби за Божиќ. Унгарската традиција за Божиќ почнува на 13-ти Декември, на денот на Лука, кога се прават венци за доаѓањето на Божиќ со четири свеќи кои ги симболизираат четирите недели до доаѓањето на Божиќ. Исто така секоја недела семејствата палат по уште една свеќа секоја недела. Членовите на семејството се собираат околу венецот  и пеат Божиќни песни. Најпознатата Божиќна традиција е играта Витлеем. Оваа драматична игра е дел од прославата  долго време и првично се играла во црквите или пред црквите. Таа го покажува раѓањето на Исус. Во некои региони, целта на играта е да се избркаат духовите  со правење на многу врева. Тоа се нарекува реголес.

Свечената вечера е во центарот на вниманието на Бадник. По вечерата, католичките семејства одат на полноќна миса  на 24-ти декември. Калвинистите исто така  одат во црква во текот на денот. На 25-ти и 26-ти декември, семејства обично ги посетуваат своите познаници и поминуваат време заедно со нив. 27-ми декември е денот на Свети Јован и осветувањето  на виното. Семејствата носат  вино во црквите, кое потоа е благословено од страна на свештеникот, бидејќи се сметало дека благословеното  вино има магична моќ. Лекувале болни луѓе и животни со него и го ставале виното во буриња за негово зачувување.

Извор: www.dailynewshungary.com

06.12.2016