Банско е град во Југозападна Бугарија. Градот се наоѓа во областа на Благоевград и блиску е до Разлог кој е административен центар на општина Банско. Население во Банско има околу 10 000 жители, но во зимската сезона овој број е значително поголем, благодарение на големиот број на туристи. Патеките за скијање, како и самиот ски – лифт почнуваат од градот и се со вкупна должина 75км. Во последните 10 години популарноста на Банско е значително порасната и постепено Банско преминува во еден од најпопуларните зимски центри во Европа.

 

Банско низ историјата...

Банско како место има голема историска важност, бидејќи таму се родени поетот Никола Вапцаров, револуционерите Неофит Рилски и Паисиј Хилендарски.

Велјановата куќа е откриена во 1977 година и е објавена како споменик на културата од национално значење. Куќата постои од 18 век и претставува една од најкарактеристичните куќи од периодот на преродбата во Банско.

 

Што да посетите во Банско?

Во овој бугарски град ви препорачуваме да ја посетите куќата – музеј на Вапцаров, куќата – музеј на Рилски, Велјановата куќа, црквата св. Тројца...

 

Најдобро време за посета...

Градот живее преку цела година. Љубителите на зимскиот одмор, можат да го посетата Банско од Јануари до Март, иако во последниве години зимската сезона е продолжена и во месец Декември. Во летните месеци за љубителите на планините Банско нуди програма за пешачење низ планината Пирин, за авантуристите рафтинг, а нормално големо влијание имаат и бројните хотели со добра услуга, кои имаат отворени базени.

 

Транспорт...

Банско е мал град и нема организиран градски превоз, затоа сите поголеми хотели имаат организиран превоз (од хотел до ски-лифт и обратно). До блиските места има редовни линии со кои може да стигните до Рилски манастир, Бачково, Ковачевица, с. Бања, Велинград идр. Поаѓањто е од автобуската станица која се наоѓа во близина на центарот. Од Банско поаѓа и воз кој е и многу атрактивен, бидејќи е со парна локомотива и два вагона. Возот патува до с.Добриниште низ најживописниот предел во Бугарија.

 

Храна и пијалоци...

Главна карактеристика на многу рецепти од регионот на Банско се јадења кои се приготвуваат околу 4 часа. Секој турист би требало да проба од традиционалните јадења приготвени на традиционален начин како: грав – чорба, капама, ѓувеч, пржени јајца со парче сланина, тиганици, пржени лепчиња, слатко од цреши, јагоди и сливи или традиционалното бугарско кисело млеко.

 

Дали знаевте дека...

Банско е ослободен од турците на денот кога е објавена Балканската војна (05-ти Октомври 1912 година).