1. Пазарот за зачини

На мало пешачко растојание од Капали Чаршија, Египетскиот пазар на зачини или попознат како Мисирли Чаршија, отворен седум дена во неделата, е една од омилените дестинации на туристите кои секогаш сакаат еден спомен плус од Истанбул. Раздвижен, гастрономски рај уште од 1664 година, ова е најдобро место каде може да купите суво овошје, апетисани, зачини, маслинки, турски благи специјалитети, масла со најдобар квалитет. Бронзените форми блескаат на сонцето, значајни дати со големи броеви се испишани на рафтовите, опојниот мирис на пресно мелено Мехмет Ефенди кафе се спојува со аромата на свежа риба, со неверојатно пријатни последици по вашето сетило за мирис.

2. Чаршамба

Извонреден неделен настан кој се одржува секоја среда во ултра – конзервативна средина: Чаршамба пазарот во Фатих. Овошје и зеленчук на распродажба, јајца и чадено месо, необични потпетици, брендирана облека, електронски уреди и се по најниски цени - ова не е место за лица со слабо срце! Тука владее тотален неред: продавачите се пробиваат низ толпата потенцијални купувачи, намалувајќи цени, надвикувајќи се едни со други и пакувајќи ви производи дури и при најмал покажан интерес за нив. Омилен кај локалното население, овој пазар е многу малку посетен од туристи, затоа сокријте го апаратот и приклучете се на толпата локалци која расфрла од куповите алишта на распродажба. А торбите и саканите на ова место секогаш чувајте ги блиску до себе. 

3. Инеболу

Вистински зависник од храна, во Истанбул може да се препознае по афинитетот кој го има кон неделниот пазар Инеболу – Анадолијски кулинарен карневал во правливиот центар на округот Касимпаша во Бејоглу.  Продавачите на тутун за џвакање од регионот кај Инеболу на Црно Море, поаѓаат во сабота вечер со своите камиони, за во недела пред зорите веќе да се пристигнати во Истанбул, натоварени со најдобрите органски производи: парчиња пченкарен леб, купчиња миризливи билки, вкусни тестенини и пире, јајца, бели брашна, вреќи со жито, ореви и лешници и канти со прекрасни маслинки. Со сеуште недоотворени очи, недонаместени шалвари, неначешлани мустаки, купувачите ја почнуваат својата потрага по највкусното уште од 6 часот наутро – патување до Анадолија и назад и се тоа пред времето за појадок! Продавниците затвораат рано, околу 16 часот.

4. Јешилкој

Докажувајќи го своето хармонично име, Јешилкој (зелено село) е совршено место за сите кои не сакаат стресно и хаотично купување. Насред изобилство од зеленило, овој пазар кој се одржува секоја среда има репутација на место каде може да се купат навистина квалитетни производи. Две илјади тезги (организирани во добро дизајниран простор), убави цветни излози, уредно поставени чајџилници се комбинраат заедно за да се добие нешто некарактеристично за Турција – релаксирано купување!

5. Сахафлар

Едно нешто што со сигурност не можете да го најдете во изобилство на пазарите во Турција се книги. Меѓутоа овој стар пазар за книги е еден мал рај во градот во кој може да најдете навистина стари дела. Осамена градска оаза распостелена некаде помеѓу Капали Чаршија и Бејазит Џамија, под крошна од костенови дрвја, пазарот од 15ти век со чајната градина во близина, во 20тиот век биле главно собиралиште на познати поети, академици, автори, а денес има преку 23 книжарници. Канцелариски материјали, материјали за калиграфија, учебници, романи, странска и света литература... се тоа може да се најде на Сахафлар. Наоколу се слушаат чекори на стари господа кои џвакаат тутун, тропаат беџови и парички од млади момчиња и девојки... сите овде ги врзува љубовта кон пишаниот збор во една динамчна, а мирна атмосфера каде никогаш не знаеш кој е вработен, а кој се задржал овде само за муабетење.          

6. Бешикташ

Областа на Истанбул која е позната по црно-белата фудбалска екипа и фантастичните навивачи е место каде што секоја сабота се одржува пазар кој е се освен двобоен. Со изненадувачко отсуство на туристи, оваа катна гаража е претворена во двоспратна ризница на свежо овошје и зеленчук: пирамиди од розови домати, планини од краставици на првиот кат, необичен накит, ткаенини, долна облека по неверојатно ниски цени. Едно мало импровизирано кафуле нуди одмор, да закрепнете и да се вратите на шаренилото од производи.

7. Бакиркој

Прилекувајки мешавина од туристи и локално население, овој огромен саботен пазар на брегот на Мраморно Море, е место каде ќе се најде огромна маса на луѓе кои особено уживаат во пазарење и менување на цените, привлечени од големиот избор на производи донесени од продавачи од турско говорно подрачје, а и пошироко. Дизајнерски чевли, необични петлици за манжетни, апарати за домаќинство, органско призводство... се што може да помислите дека ви треба, ќе најдете овде. Помеѓу хаосот, жени со зацрвенети лица, облечени во бела облека, подготвуваат тесто со неверојатна енергичност, а потоа на него истураат цели садови со козјо сирење и магдонос, за да подготват вкусно традиционално ѓомлезе. Овој пазар започнува и завршува со изгревањето и заоѓањето на сонцето.   

8. Кадикој

Кажувањето “скокнав до Азија” за добивање пофалби од пријателите, не е единствената причина за да се премине на “другата страна” на Истанбул. На 25 минутно патување со брод од пристаништата во Бешикташ, Кабаташ и Еминону, ова бесплатно свртилиште за сите кои се во потрага по совршени праски или постелнина со врвен квалитет се наоѓа во Хасанпаша, на само 10 минути пешачење од пристанишниот терминал. Иако традиционално се одржува во вторник, автентичниот пазар сега е отворен и во понеделник, меѓутоа само за продажба на алишта.

 9. Тарлабаши

На кратко растојание од светлата Истиклал улица на Таксим, мрачната станбена зона Тарлабаши – област поврзана со невработеност, криминал и проституција – не е баш помеѓу местата кои би ви паднале на ум, кога му предлагате што да посети низ Истанбул на некој нов турист. Сепак, изненадувачки е тоа што, неделниот пазар за храна во Тарлабаши кој се поставува на правливите, нерамни улици, има верни посетители од сите страни и слоеви на Истанбул, од ученици и студенти доселени во Истанбул кои ја штедат секоја лира, до стари селани носталгични за вкусот на домот. Продавачите пристигнуваат со камиони пред зорите за да постават сочни смокви, блескави плодови, слатко од шипинки, кајсии и малини и кисело... се! Најдобар пример на уличен пазар!

10. Капали Чаршија

Изградена во 1461 година, Капали Чаршија со 5.000 продавници е еден од најголемите покриени пазари на светот. Некогаш динамичен центар на локалната и интернационалната трговија, во последните декади, овој пазар е лавиринит од сјајни, разнобојни задоволства кои ги освојуваат срцата, умовите и паричниците на туристите кои со очи широко отворени трагаат по врвно ориентално искуство во купување. Со продавачите кои довикуваат нудејќи ви ги своите исклучителни ткаенини, керамика, зачини, накит и сувенири, пазарењето и размената се неизбежни. Има доволно различни производи, за да во секоја минута вашето внимание биде привлечено од нешто ново. На крајот на денот, кога веќе ќе сте сосема збунети од сите зделки кои сте или не сте ги направиле, 22 излези ви нудат бегство од чаршијата и враќање во реалноста на улиците на градот на Босфор.   

 

Пазар за зачини

Чаршамба

Инеболу

Јешилкој

Сахафлар

Бешикташ

Бакиркој

Кадикој

Тарлабаши

Капали Чаршија