ЈЕРИСОС

Објект поставен на главната улица во центарот на Иерисос, на 50 метри од долгата песочна плажа. Веднаш под апартманите се наоѓа пицерија, а на само неколку метри од објектот многу кафулиња, маркет, пекари и таверни. Апартманите се едноспални и двоспални, односно располагаат со две, односно три пространи соби од кои во едната соба се наоѓа и комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, WI-FI, клима уред (користењето е вклучено во цената) и широки балкони.

 

ТЕРМИН :

1/3 апп

1/4 апп

1/5 апп

1/6 апп

02.06 - 09.06

89

99

109

119

09.06 - 16.06

119

129

139

149

16.06 - 23.06

149

159

169

179

23.06 - 30.06

179

189

199

209

30.06 - 07.07

199

209

219

229

07.07 - 14.07

229

239

249

259

14.07 - 21.07

249

259

269

279

21.07 - 28.07

259

269

279

289

28.07 - 04.08

279

289

299

309

04.08 - 11.08

289

299

309

319

11.08 - 18.08

289

299

309

319

18.08 - 25.08

259

269

279

289

25.08 - 01.09

219

229

239

249

01.09 - 08.09

159

169

179

189

08.09 - 15.09

129

139

149

159

15.09 - 22.09

99

109

119

129

22.09 - 29.09

79

89

99

109

 

Цени:

  • Се дадени по лице за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз,

по курс од 1 € = 61.8 ден

  • За аранжман со сопствен превоз се одобрува 20€ од вкупната цена по лице

 

Сместување: 

  • Трето, четврто, петто и шестто лице како и деца 2-12 год. имаат бесплатно сместување, плаќаат само превоз 20 €
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети

 

Попусти:

  • 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини 
  • 20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ
  • 15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ
  • 10% за целосна уплата во МАРТ
  • 5% за целосна уплата воАПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

 

Превоз:

  • Секоја сабота поаѓање од Битола во 04:00 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата 
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус
  • Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 20 € по лице
  • 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

  • За резервација со попуст, потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст
  • При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената
  • Задолжително е здравствено и патничко осигурување
  • Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи.
  • Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.
  • Од 2018 година во Грција ќе се воведе туристичка такса која гостите ќе ја плаќаат директно во сместувачките капацитети. Износот на туристичката такса ќе се објави од грчките власти на почетокот на годината.

 

Куќен ред:

  • Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот
  • Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
  • При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
  • Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
  • Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
  • Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставниците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

 

ВЕРЗИЈА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ