ХОТЕЛИ СТРУМИЦА
Струмица е лоцирана во југо-источниот дел од Македонија. Со вкупна популација од околу 100.000 жители, со сите околни населби, Струмица е најголемиот културен и економски центар во овој дел. Старото име на градот, Астраион во превод би било градот под ѕвездите. Чисто небо покриено со ѕвезди. Градот е познат по Царевите Кули. Едно од најпознатите случувања во Струмица е карневалот, кој е остаток од паганските традиции. Оваа манифестација се одвива секоја година околу тримери.

