ХОТЕЛИ ОХРИД
Вечниот град, волшебниот рид кој со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња, за навек, бидејќи: тој, Охрид е "жив град" две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на светлиот Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало; како епископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија. Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година.
Сместувачки капацитетити
Хотел Парк
Хотел Парк се наоѓа на најатрактивното место на 3 км од центарот на Охрид, на само 50 м од езерото. Располага со 92 двокреветни соби, 2 апартмани, ресторан за 800 лица тераса, сала за конференции, сопствена плажа, дискотека Парк.
Хотел " Дончо"****
Хотел "Дончо"**** Охрид се наоѓа во централното градско подрачје. Располага со 45 соби од кои 36 се двокреветни, 9 еднокреветни, 4 апартмани. Секоја соба располага со ТВЦ, клима уред, телефон, кабловска телевизија, интернет, мини бар, сеф. Ресторан со 200 седишта поделен на три дела: бизнис сала, прес центар, бизнис клуб, базен, сауна, фитнес.
Хотел "Гранит"
Хотел "Гранит" Се наоѓа на 6 км од Охрид на само 100 м од езерото, хотел од висока категорија со капацитет од 280 легла, 16 студио. Хотелот располага со ресторан, аперитив бар, големи тераси и приватна песочна плажа, како и тениско и кошаркарско игралиште, пинг-понг сала, фитнес и професионална масажа, интернет кафе, 2 конгресни сали со капацитет од 120 до 300 седишта.
Хотел "Горица"
Хотел Горица се наоѓа на 3 км од Охрид лоциран над самото езеро во прекрасна борова шума, комплетно реновиран од висока категорија. Располага со 129 соби, 4 апартмани и 38 двокреветни и 87 трокреветни. Хотелот располага и со ресторан, со капацитет од 300 гости и национален ресторан со капацитет од 100 гости, сали за семинари и состаноци, конгресна сала, тераса и сопствен паркинг простор. Секоја соба е опремена со мини бар, ТВ, сателитска, телефон.
Хотел "Десарет"
Хотел Десарет се наоѓа на 12 км од Охрид во прекрасен амбиент, веднаш до самото езеро. Располага со 246 соби, 6 апартмани, 9 вили со 18 фамилијарни апартмани, ресторан со 800 седишта, спортски терени, фитнес, ноќен клуб, бар, казино.
Хотел "Чинго"
Хотел "Чинго" се наоѓа во центарот на градот. Хотелот располага со сала за состаноци и нуди сервис за перење, пеглање, паркинг со мониторинг. Располага со 25 апартмани, 4 делукс, 2 екстра де лукс и 19 апартмани сите опремени со клима, кабловска ТВ, мини бар, сеф, телефон, интернет конекција, ресторан.
Хотел АМБАСАДОР
Хотелот Амбасадор е нов современ и атрактивен објект, лоциран на 3 километри од аеродромот Подмолје и градот Охрид, на магистралниот пат Охрид - Скопје. Создаден е за оние што се на поминување и оние кои одморот сакаат да го минат на езерскиот брег. Брегот е на само 150 метри.
Хотел Климетица
Хотел Климетица Сместен е во природен амбиент опкружен со борова шума и е во непосредна близина на охридското езеро. Капацитет на хотелот е 47 соби од кои 20 двокреветни, 23 лукс двокреветни и 4 апартмани.
Хотели Метропол и Белви
Хотели Метропол и Белви се наоѓаат на 8 км од Охрид спрема комплексот Св. Наум на само 100 м од езерото. Располага со 400 соби, секоја гледа на езерото, опремени со ТВ, модерно опремени со ТВЦ, тераса, телефон, ресторан, аперитив бар, снек бар, ТВ салон, спортси терени, куглана, базени, сала за конференции и состаноци, сауна, хелио терапија, казино, фитнес…
Хотел Милениум Палас
Хотелот Милениум Палас е сместен во центарот на Охрид, на кејот на убавото Охридско Езеро. Хотелот располага со 44 модерно опремени соби со клима, тераси, мини бар, телефон, кабловска телевизија, и специјални соби за непушачи. Во состав на хотелот работаат затворен базен, сауна, солариум, сала за конференции.Хотелот Славија – Спектар
Се наоѓа во најатрактивниот дел од Охридското Езеро, на 3 км од центарот на градот во туристичката населба Св. Стефан. Лоциран во пријатен амбиент и природни убавини овој високо модернизиран и опремен хотел ќе ве натера да се почувствувате многу удобно. Хотелот располага со 100 кревети, поврзани со директен телефон, ресторан, летна бавча, приватен паркинг простор за хотелските гости како и сопствена плажа.

