ХОТЕЛИ БИТОЛА
Битола се ноаѓала на познатиот патен правец Вија игнација што ја правела важен економски административен дипломатски и културен центар. Битола има над 90.000 жители и е вториот по големина град во Македонија, Битола е град со богата традиција бурно историско минато и денес е регионален индустриски економски универзитетски и културен центар на југозападниот дел на републиката.
Сместувачки капацитетити
Мотел ГОЛД КАПИТОЛ
Мотел Кабаре КАПИТОЛ ХИЛ располага со 9 соби, сите соби опремени се со ТВ, фрижидер, клима и купатило. Во состав на мотелот се наоѓа најпознатото македонско кабаре кое нуди незаборавна ноќна забава со познати естрадни уметници. На 2км од мотелот се наоѓа ресторанот Витез познат по специјалитетите на скара, добрата услуга и секојдневната музика во живо. Повелете и ќе бидете пријатно изненадени...
Хотел ПРЕМИЕР***
Хотел ПРЕМИЕР*** Располага со 14 соби, 1 стандарден апартман и 1 премиерски апартман и ресторан со капацитет од 350 гости. Собите се 1/2 и 1/3 опремени се со ТВ со кабловска, клима, парно, фрижидер, бар и купатило. Апартманите се опремени со кожни гарнитури, клима, парно, мини кујна, ТВ со кабловска, брачни кревети, ЦД и аудио опрема, купатило. Персоналот на хотелот ви препорачува да не посетите и да се уварите во услугите и квалитетот. Премиерите се менуваат а хотел Премиер останува вечно на истото место.
Хотел МОЛИКА***
Хотел МОЛИКА*** На 12 км од Битола во густа борова шума, во срцето на националниот парк Пелистер се простира хотел Молика. Хотелот располага со 112 легла распоредени во 56 соби. Во близина на хотелот функционира модерен скијачки центар со жичарници и ски лифтови.
Хотел ЕПИНАЛ****
Хотел ЕПИНАЛ**** Задоволството на гостите е приоритет број еден на високопрофесионалниот персонал на хотел "ЕПИНАЛ". Хотелот располага со 82 конфорни соби и апартмани декорирани со супер модерен мебел, бања, клима, радио, кабловска телевизија, телефон. Во состав на хотелот се наоѓа казино, затворен базен со фитнес центар и сауна. Идеално место за конгреси, семинари и разни манифестации.
Хотел ДЕ НИРО
Хотел ДЕ НИРО Лоциран е хотелот во строгиот центар на градот Битола и располага со: 6 соби уредени по стариот дух на македонските куќи, климатизирани со кабловска телевизија. 2 апартмани луксузно опремени со кревен на вода и џакузи. Во стилот на хотелот работи италианскиот ресторан - пицерија со капацитет од 100 седишта. Добродојдовте во Битола, Добродојдовте во Хотел Де Ниро.

