Логирање за регистрираните агенции

Корисничко име

Лозинка:

ГРАДСКО-ПРИГРАДСКИ АВТОБУСИ
 
Mercedes-Benz O 350 Tourismo

MAN

Mercedes-Benz O 304

ЦЕНТРАЛА: 047 228 185
МОБИЛЕН: 075 416 177
ГАРАЖА: 047 262 526
 
ТЦ. ПЕЛАГОНКА 2
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ББ
 7000, БИТОЛА
Р. МАКЕДОНИЈА

Инфо за Битола

Прекрасниот сплет на историјата, географијата и туризмот e главниот мотив за основањето на туристичката агенција ТЕО-ТРАВЕЛ, во градот кој е сместен во прегратките на Баба планина, во плодната рамница Пелагонија, што од памтивек ја населувало племето Линки, на раскрсницата со патот Виа Егнатиа, кој ги поврзувал бреговите на Дојран и Егеј, со патот од север, оној од Моравската долина. 

Сакаме со Вас да ги споделиме убавините и богатсвото на овој волшебен град и да Ве повикаме самите да ја почувствувате неповторливата магија. 

Раѓањето на денот во овој град го најавува часовникот, Саат-кулата, симболот на градот. 

Неодминлива привлечност за секој еден посетител претставува и градот на Филип Втори Македонски, античкиот локалитет Хераклеја – Линкестис. Тука можеби со нежен чекор ќе поминете по волшебната убавина на мозаиците, ќе бидете актери во театарот, ќе ја погледнете ранохристијанската црква... Ќе научите за христијанството што го проповедал Апостол Павле, со голема заслуга на Македонката Лидија и за час ќе се почувствувате како горд потомок на античките Македонци. 

Од напластеното минато, од утробата на земјата, Битола ги отвара своите трезори. Секој што ќе посака да го погледне тој ковчег со богатство треба само да го посети надалеку познатиот Археолошки музеј, сместен во зградата на некогашната касарна и турскиот кадетски колеџ, познат по тоа што во него учеше воени науки и таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк, чијшто лик и дело и се претставени со одделен музеј. 

Ќе бидете фасцинирани од податокот дека во градот, од двете страни на реката Драгор, постоеле седумдесет манастири и цркви, подоцна до темел разрушени од Турците Османлии... А токму овде, како никаде на друго место, исламската уметност денес е најмногу сочувана и третирана со цивилизациски респект. 

Со што повеќе може да се закити еден град освен со тоа што за него ќе се рече дека е град на конзулите. Токму тие епитети ги носи Битола, која со гордост ги чува доказите за културната толеранција и респектот кон традицијата. А градителското наследство, ансамблот на неповторливите убави градби и ќе го почувствувате ако прошетате по “Широк сокак“, здивот на европска Битола...