1 ден (08.03.2019 – петок): БИТОЛА – БАНСКО

Состанок на групата во 03.30 часот пред бензиска пумпа Лул Оил . Патот води  преку Битола,Прилеп кон Банско со попатни застанувања поради одмор и царински формалности. Попатна посета на Сандански. Сандански или Св. Врач е град во југозападниот дел на Бугарија. Градот се наоѓа во долината на реката Струма и е познат по своите топли гео-термални извори. Време за прошетка и шопинг.

Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5 *. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешните базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс... расположен на 5500 квадратни метри. Вечера. Ноќевање.

 

2 ден (09.03.2019 – сабота): БАНСКО

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетка низ улиците на атрактивното скијачко место Банско – со специфична традицонална архитектура и многу меани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор, користење на СПА центарот, индивидуални активности. Вечерта организирана вечера со  музика. Ноќевање. 

 

3 ден (10.03.2019 – недела): БАНСКО – БЛАГОЕВГРАД – БИТОЛА

Појадок. Слободно време за шопинг и прошетка. Во попладневните часови поаѓање кон Mакедонија, Разлог и попатна посета на Метро во Благоевград. Во Охрид сe пристигнува вo вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 5.940,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • сместување во хотел  "Пирин Голф Спа"  5***** www.piringolfhotel.com на база 2 ноќевања со појадок и вечера - шведска маса, користење на внатрешен, надворешни базени со топла вода, фитнес, џaкузи, сауни, парни бањи, лакониум, соба за релаксирање
  • организирана вечера со музика
  • разглед на Банско, Сандански, Метро, Разлог
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.