1 ден (четврток – 05.04.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 22:30 часот. Поаѓање за Србија во 23:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (петок – 06.04.2018): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на трговскиот центар Ушче и слободно време за шопинг. После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови упатување кон центарот на градот. Слободно време за прошетки во центарот или вечера во боемскиот кварт Скадарлија. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 07.04.2018): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот панорамски разглед на градот со стручен водич: Народното Собрание, Народниот Театар, црквата Св. Сава, црквата Св. Марко, Теразије, Дедиње, Мостовите на Сава, најпознатата Кнез Михајлова улица... Факултативно крстарење по Дунав и Сава. После пладне враќање во хотел. Во веерните часови упатување кон центарот на градот и проследување на прославувањето на Исусовото Воскресение. Во ноќните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 08.04.2018): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот, поаѓање за целодневна факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен водич: посета на Петровардинската Тврдина, улицата Дунавска, катедралата Св. Марија, Соборната Црква, плоштадот и споменикот Светозар Милетиќ, Народниот Театар... Слободно време за индивидуални активности и  прошетки низ празничниот Нови Сад. Во вечерните часови враќање во Белград. Ноќевање.

                                                                                           

5 ден (понеделик – 09.04.2018): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Посета на Калемегдан... белградската тврдина. После пладне поаѓање за Македонија. Денско и ноќно возење со кратки попатни одмори.

 

6 ден (вторник – 10.04.2018): БЕЛГРАД

Пристигнување во Битола во рание утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 5.840,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 *
  • Разглед на Белград со стручен водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета и разглед на Нови Сад со стручен водич – 10€ по лице

(минимум 35 лица за  реализација)

  • Крстарење по Дунав и Сава – 15€ по лице (мин. 35 лица за реализација)
  • Туристичка такса – 1,3€ по лице од ноќ
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.