1 ден (вторник – 05.03.2019): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07:30 часот. Поаѓање за Чешка во 08:00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Будимпешта, Виена... денско и ноќно патување со попатни одмори и царински формалности.

 

2 ден (среда – 06.03.2019): ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови... разглед на градот со стручен водич... стариот дворец - Храдчани, катедралата на Св. Вито со капелата на Св. Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, базиликата на Св. Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV... Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, можност за прошетка низ центарот на златната Прага. Ноќевање.

 

3 ден (четврток – 07.03.2019): ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. После појадокот поаѓање за излет во Карлови Вари. Карлови Вари е најпосетениот спа-центар во Чешка, разглед на бањското место со стручен локален водич, прошетка покрај Неоренесансните колонади, паркови и продавници. После пладне враќање за Прага. Слободно време за одмор. Во вечерните часови можност за организирана вечера или организирана посета на дискотека. Ноќевање.

 

4 ден (петок – 08.03.2019): ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. После појадокот поаѓање за посета на Дрезден, градот кој воодушевува со својот саксонски стил и германска автентичност, но и е популарен како најпознат како шопинг центар во источниот дел Германија. Разглед на градот со стручен локален водич, операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, делот од некогашниот градски ѕид, Августскиот мост, најпознатата улица и шеталиште Брухл. Слободно време за шопинг, индивидуални прошетки и дегустација на локални специјалитети. Во доцните попладневни часови враќање во Прага. Ноќевање.

 

5 ден (сабота – 09.03.2019): ПРАГА – БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот поаѓање за Македонија со попатна посета на Будимпешта. Доколку времето на пристигнување дозволува, ноќна прошетка по главната пешачка улица во Будимпешта, Ваци. Факултативно, неповторливо ноќно крстарење по Дунав, со звуците на Виенскиот Валцер. Продолжување на патувањето за Македонија во ноќните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи и царински формалности.  

 

6 ден (недела – 10.03.2019): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 9.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
  • разглед на Прага со стручен локален водич
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Карлови Вари и разглед со стручен водич – 25€ по лице
  • Посета на Дрезден и разглед со стручен водич – 30€ по лице
  • Ноќно крстарење по Дунав во Буимпешта – 15€ по лице
  • Патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ