1 ден (30.12.2017 – сабота): БИТОЛА – ЛЕРИН – ЛУТРАКИ

Состанок на групата во 06:30 часот. Поаѓање за Лутраки во 07:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Лерин, слободно време за шопинг во ЛИДЛ. Патувањето продолжува кон Лутраки. Пристигнување и сместување во приватни апартмани. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Во вечерните часови можност за посета на ресторан, кафуле или ноќно капење. Ноќевање.

 

2 ден (31.12.2017 – недела): ЛУТРАКИ

Слободно време за индивидуален разглед на Лутраки и околината. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37 ℃, со многу лековити својства. Вечерта – организиран дочек на Новата Година со богата новогодишна вечера со музичка програма во ресторан „Калофагас“ (кај Митре). Ноќевање.

 

3 ден (01.01.2018 – понеделник): ЛУТРАКИ – ВОДЕН – БИТОЛА

Утринска посета на изворите. Околу пладне напуштање на собите. Состанок на групата и поаѓање за Воден. Пристигнување во Воден. Слободно време за индивидуален разглед на градот како и посета на водопадите. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 4.840,00 денари


Начин на плаќање:

 30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 7 дена до поаѓање или на одложено плаќање на еднакви месечни рати.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената дестинација
  • посета на Лерин
  • посета на Воден и водопадите
  • 2 ноќевања во апартмани и студија во Лутраки (Vila To Petrino и Anezis)
  • организирана новогодишна вечера со жива музика во ресторанот Калофагас
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
  • патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. За користење на аранжман со сопствен превоз цената останува иста.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.