1 ден (вторник – 18.06.2019): БИТОЛА 

Состанок на групата пред Спортската сала во Битола во 21:00 ч. и поаѓање за Романија. Транзит низ Прилеп, Велес, Скопје и Куманово и попатно земање на патници. Со попатни паузи, пристигнување на македонско – бугарската граница Деве Баир – Ѓуешево.         

 

2 ден (среда – 19.06.2019): БУКУРЕШТ – БРАН

Пристигнување во Букурешт напладне. Пауза за менување валута и за ручек. Панорамско разгледување на градот. Продолжување на патувањето кон Трансилванија. Со попатна пауза, пристигнување во градот Бран во раните вечерни часови. Сместување во хотел.

 

3 ден (четврток – 20.06.2019): БРАН – БРАШОВ

Појадок. После појадокот факултативна посета на замокот Бран (замок на средновековниот кнез Влад Цепеш). Пауза во градот Брашов – најголем град во Трансилванија. Продолжување на патувањето кон областа Молдавија (романска). Пристигнување во областа Неамц. Сместување во црковен мотел.  

 

4 ден (петок – 21.06.2019):  ЈАШИ

Појадок. Во утринските часови поаѓање кон градот Јаши – административен и духовен центар на романска Молдавија, поранешна престолнина на Кнежевството Молдавија. Присуствување на Света Литургија и поклонување на моштите на Преподобна Мајка Света Петка. Слободно време за разгледување на градот. Враќање во Неамц. Посета на манастирот и поклонување на свети мошти. Ноќевање.              

 

5 ден (сабота – 22.06.2019): БУКУРЕШТ

Појадок. Поаѓање кон Букурешт во утринските часови. Со попатни паузи, пристигнување во Букурешт во раните попладневни часови. Панорамско разгледување на градот: Пјаца Романа (Римски плоштад), Капитуленската волчица (верна копија на римската), Триумфалната капија, Пјаца Унирии, фотографирање пред Каса Попорулуј (палатата на Чаушеску). Посета на Соборниот патријаршиски храм посветен на Светите цареви Константин и Елена и поклонување на моштите на Свети Димитриј од Басарабово. Слободно време за разгледување на градот. Поаѓање кон Македонија во вечерните часови          

 

6 ден (недела – 23.06.2019): БИТОЛА

Транзит низ Бугарија. Со попатни паузи и гранични формалности, пристигнување во Скопје напладне, во Прилеп и Битола рано попладне.

 

Цена на аранжманот: 8.940,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок  
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Влезница за замокот Бран 5-6€ по лице

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.