За денот на вљубените, предлагаме една поинаква програма за Истанбул за сите вљубени, еден романтичен Истанбул, со можност за посета на 10те најромантични места во Истанбул:

  1. Трговски Центар Венеција: ново во Истанбул, копија на романтичнот град, со единствена можност во градот за возење со гондола.
  2. Ускудар – дел од азискиот брег на Истанбул, каде имате можност да уживате на самиот брег, со чаша топол чај, во зајдисонцето кое ја отцртува силуетата на европскиот дел на Истанбул како на најубава разгледница.
  3. Девојачка Кула – осамена кула во водите на Босфор покрај Ускудар, еден од главните симболи на градот, за чиј настанок се раскажуваат бројни легенди.
  4. Таксим – срцето на модерен Истанбул, за шопинг и уживање, со бројни мали улички од калдрма, за забава за целото друштво, но и тајни бакнежи зад аголот.
  5. Топ Капи Палата – место чии ѕидини ја чуваат жива целата историја за животот на султаните и љубовните игри на тогашните жители.
  6. Галата Мост – прекрасно место за романтично кафе или ручек на сред вода, во бројните традиционални кафетерии и традиционални ресторани кои нудат штотуку уловена риба.
  7. Галата Кула – најстарата и најубавата кула во градот, чуварот на местото каде се спојуваат Златни Рог и Босфор, место кое нуди неповторлива панорама на Истанбул со целата своја грандиозност.
  8. Крстарење по Бсофор – едно од најубавите крстарење низ светските метрополи. Запознавање со Истанбул од сосема поинаков агол. Откривање на нови убавини.
  9. Pierre Loti – видиковец кој ви го нуди Златни Рог на дланка. Адреналинско искачувње со жичара, за потоа да се смирите во убавината на градот, уживајќи во пладневно кафе или чај во една од преубавите кафетерии.
  10. Ортакој – маало кое ви доаѓа прво пред очи кога ќе го спомнеме Истанбул. Тесни улички со калдрма, широк плоштад покрај Босфор и преубавата Џамија.  Место на многу богата историја, занес и љубов.


1 ден (петок – 09.02.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 17.30 часот. Поаѓање за Турција во 18.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (сабота – 10.02.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Посета на атрактивниот трговски центар Венеција. Слободно време за одмор, шопинг, прошетка или романтично возење со гондола. Околу пладне - сместување во хотел. Слободно време за одмор. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Во попладневните часови, факултативна посета со стручен водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 11.02.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на романтичните места низ Истанбул: плоштадот Султанахмет, Аја Софија (Света Софија), Топ Капи – Палатата на султаните. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. После паузата, продолжување кон Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 12.02.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот, со жичара. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија. По завршувањето на излетот, панормаски разглед на градот, со посета на уште еден роматничен дел од градот: маалото Ортакој. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

 

5 ден (вторник – 13.02.2017): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови (околу 04:00 часот).

 

Цена на аранжманот:  4.980,00 денари

 

Услови на плаќање:

 30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 5 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • разглед на Истанбул со стручен локален водич со посета на маалото Ортакој
  • посета на трговскиот центар Венеција
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм, Ускудар и Девојачката Кула (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15 € по лице
  • Пешачки разглед со стручен водич на Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи Палата, Чаршија на зачини, Галата мост и влезница за Галата Кула – 15€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор со стручен водич, посета на Pierre Loti со жичара и посета на Цариградската Патријаршија – 20€ по лице
  • Патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.