1 ден (01.09.18 сабота) и (08.09.18 сабота): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 23.30 часот. Поаѓање за Црна Гора во 23:55 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (02.09.18 недела) и (09.09.18 недела): СУТОМОРЕ

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови и време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство... вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие... основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Разглед на манастирот. Слободно време. Поаѓање за Сутоморе и сместување во вила Царски Конак. Ноќевање.

 

3 ден (03.09.18 понеделник) и (10.09.18 понеделник): СУТОМОРЕ

Слободно време за користење на прекрасната плажа во Сутоморе. Ноќевање

 

4 ден (04.09.18 вторник) и (11.09.18 вторник): СУТОМОРЕ

Слободно време за користење на прекрасната плажа во Сутоморе. Ноќевање

 

5 ден (05.09.18 среда) и (12.09.18 среда): СУТОМОРЕ

Состанок на групата во попладневните часови и поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во ноќните часови.   

 

 

Цена на аранжманот: 3.590,00 денари

-          За трето лице доплата од 2.190,оо денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 3 ноќевања во вила во Сутоморе
  • Посета на Острошки Манастир
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Трансфер од паркинг до Горниот Манастир
  • Туристичка такса 1€ во Сутоморе од ноќ
  • Туристичка такса 1€ во Острошки Манастир
  • Патничко осигурување