1 ден  (09.03.2018 – петок): БИТОЛА – КАВАЛА

Состанок на групата во 04:30 часот. Поаѓање за Грција во 05:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Кавала околу пладне и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови упатување кон центарот на Кавала, факултативна организирана вечера во таверна. Ноќевање.

 

2 ден (10.03.2018 – сабота): КАВАЛА

Појдок. После појадокот, разглед на градот со стручен водич: тврдината, Имаретот, споменикот и куќата на основачот на Египетската династија, Аквадуктот... Слободно време за индвидуални прошетки по белите улици на градот со богата историја, цркавта Св. Богородица, Св. Никола, Св. Апостол Павле, Св. Јован и Хали-беговата џамија, уживање покрај море и дегустирање на локалните специјалитети. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (11.03.2018 – недела): КАВАЛА – ФИЛИПИ – АЛИСТРАТИ

Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за факултативна посета на Филипи, музејот под отворено небо. Овој град во времето на Филип II бил важен трговски и културен центар. Тука може да се видат остатоци од патот Виа Игнација, античкиот театар, остатоци од Базиликата на Св. Апостол Павле, црквата на Св. Лидија, која била првата жена која била крстена во Европа. Се продолжува со факултативна посета на пештерата Алистрати, која зафаќа површина од 14.000м2 и е најубава и  најбогата со природни формации пештера во Грција, а можеби и Европа. Во доцните попланевни часови патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Битола во вечерните часови.  

 

Цена на аранжманот: 5.980,00 денари


Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 5 дена до поаѓање.


Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2НП во хотел со 3* во Кавала
  • разглед на Кавала со стручен водич
  • посета и влезница за тврдината во Кавала
  • посета на античкиот град Филипи
  • посета на пештерата Алистрати
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • факултативна вечера – 25€ по лице
  • патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.