1 ден (02.03.2018 / 08.03.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 17.30 часот. Поаѓање за Турција во 18.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (03.03.2018 / 09.03.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Автобуски панормски разглед на градот со локален водич. Посета на атрактивниот трговски центар Венеција. Слободно време за одмор, шопинг, прошетка. Околу пладне - сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Во попладневните часови, факултативна посета со стручен водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма.. Ноќевање.

 

3 ден (04.03.2018 / 10.03.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот. Враќање во хотел, слбодно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ден (05.03.2018 / 11.03.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија.


5 ден (06.03.2018 / 12.03.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот:  4.980,00 денари 

 

Услови на плаќање: 30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 5 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • разглед на Истанбул со стручен локален водич
  • посета на трговскиот центар Венеција
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич + слушалки за Аја Софија кои се задолжителни) – 35 € по лице
  • Посета на Такисм и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15 € по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор со стручен водич – 15 € по лице
  • Патничкото осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.