1 ден (четврток – 07.03.2019): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 19:30 часот. Поаѓање за Грција во 20:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 08.03.2019): АТИНА

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Омонија, Плоштадот Синтагма, Парламентот, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Хадриановата Порта, Споменикот на Бајрон, Националната библиотека, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта можност за организирана вечера во таверна. Ноќевање. 

 

3 ден (сабота – 09.03.2019): АТИНА – АРГОЛИДА

Појадок. После појадокот факултативен излет на Арголида – Коринт, Епидаурус (обиколка на античкиот театар од IV век п.н.е. и музејот) и Микена (Кралската гробница и лавовската порта). Враќање во Атина. Слободно време за одмор. Вечерта, време во центарот на Атина за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 10.03.2019): АТИНА – СУНИОН

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Акрополот (Пропилеи, Партенон, Ерехтеон...) со стручен водич. Продолжуваме со полудневен излет на Сунион, најјужната точка на Атика – Храмот на Посејдон, Аполоновата Обала и Глифада. Поаѓање за Македонија во попладневните чаови.

 

5 ден (понеделник – 11.03.2019): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 5.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 НП во Атина во хотел со 3*
  • разглед на Атина со стручен водич
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • посета на Акрополот (стручен водич + влезница) – 15€  
  • целодневен излет на Арголида–(Коринт, Епидаурус, Микена со влезници)–40€
  • излет на Сунион – 15€
  • патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.