1 ден (29.12.2017 – петок): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Италија преку Драч или Игуменица во 15.30 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч или Игуменица и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот.


2 ден (30.12.2017 – сабота): БАРИ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Рим. Пристигнување во Рим во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерите часови можност за ноќна прошетка низ Рим. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.


3 ден (31.12.2017 – недела): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. После појадокот организиран разглед на Ватикан и Рим со стручен водич. Факултативна посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела. Разгледот продолжува со посета на базиликата „Св.Петар“, Кастел Сан Анџело, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви... Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта спектакуларен дочек на Новата Година на плоштад. Ноќевање.


4 ден (01.01.2018 – понеделник): РИМ

Појадок. По појадокот – време за разглед и прошетки низ Рим и уживање во празничната атмосфера: Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Кампидолио, Пјаца Венеција… Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.


5 ден (02.01.2018 – вторник): РИМ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Попатна посета на трговски центар. Пристигнување во Бари и трансфер на брод. Планирано поаѓање за Игуменица или Драч околу 19:00 часот. 


6 ден (03.01.2017 – среда): БИТОЛА

Во утринските часови патувањето продолжува кон Битола. Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 13.840,00 денари

-          Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 7 дена до поаѓање или на одложено плаќање на еднакви месечни рати.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања со појадок во Рим во хотел со 3*
  • разглед на Рим со стручен водич
  • бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч или Игуменица – Бари и обратно
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници за индивидуални посети и екскурзии
  • Ватиканските музеи и Сикстинската Капела – 40€ по лице (задолжителна резервација и уплата при резервација на аранжманот)
  • Билетите за метро во Рим (1,5€ по лице од правец)
  • Патничкото осигурување
  • Доплата за бродска кабина
  • Задолжителна туристичка такса, по лице, на ден (се плаќа на рецепција во хотел)

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

Последен рок за пријавување:10.12.2017 година 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.