1 ден (четврток – 08.03.2018): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 21:30 часот. Поаѓање за Србија во 22:00 часот. Ноќно патување, со кратки попатни одмори и царински формалности. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш... 

 

2 ден (петок – 09.03.2018): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на трговскиот центар Ушче и слободно време за шопинг. После пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта факултативна организирана вечера со комплетно мени и музичка програма. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 10.03.2018): БЕЛГРАД – НОВИ САД

Појадок. После појадокот, поаѓање за целодневна факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен водич: посета на Петровардинската Тврдина, улицата Дунавска, катедралата Св. Марија, Соборната Црква, плоштадот и споменикот Светозар Милетиќ, Народниот Театар... Слободно време за индивидуални активности и  прошетки низ Нови Сад. Во вечерните часови враќање во Белград. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 11.03.2018): БЕЛГРАД

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Панорамски разглед на градот со стручен водич: Народното Собрание, Народниот Театар, црквата Св. Сава, црквата Св. Марко, Теразије, Дедиње, Мостовите на Сава, најпознатата Кнез Михајлова улица, Калемегдан - белградската тврдина... Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 4.980,00 денари

-          Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот


Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Белград
  • Разглед на Белград со стручен водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета и разглед на Нови Сад со стручен водич – 10€ по лице

(минимум 35 лица за  реализација)

  • Туристичка такса – 1,3€ по лице од ноќ
  • Организирана вечера со мени и музичка програма – 20€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.