1 ден (петок – 29.12.2017): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:.30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (сабота – 30.12.2017): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Автобуски панорaмски разглед на градот со локален водич. Посета на атрактивниот трговски центар Venezia Mega Outlet. Слободно време за одмор, шопинг, прошетка. Околу пладне - сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Во попладневните часови, факултативна посета со стручен водич на азискиот дел на Истанбул – Ускудар, каде се изградени околу 180 џамии. На самиот брег во близина на пристаништето џамијата на султановата ќерка Михрима и Шемси Паша Џамија, место од каде се пружа најубавиот поглед на силуетата на Истанбул, посета на Девојачката Кула со брод и посета на плоштадот Таксим, срцето на модерен Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (недела – 31.12.2017): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта – дочек на Новата 2018 Година на плоштадот Таксим или во Национален Ресторан со комплетно мени и програма. Ноќевање.

 

4 ден (понеделник – 01.01.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Посета на Цариградската Патријаршија. Поаѓање за Битола во попладневните часови.


5 ден (вторник – 02.01.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 5.840,00 денари

-Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Buyuk Keban со 3* во Аксарај
  • разглед на градот со стручен водич
  • посета на трговски центар Venezia Mega Outlet
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич + слушалки за Аја Софија кои се задолжителни) – 35€ по лице
  • Посета на Такисм и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15€ по лице
  • Дочек на Новата година во Национален Ресторан
  • Крстарењето со брод по Босфор со стручен водич – 15€
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

МИНИМУМ ВАЖНОСТ НА ПАСОШОТ ДО 01.06.2018 ГОДИНА 


Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.