1 ден (четврток – 25.04.2019): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 17:00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 26.04.2019): САРАЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Панорамски разглед на градот... Баш Чаршија, Парламентот, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта... Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Во вечерните часови слободно време за индивидуални прошетки или можност за организирана вечера. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 27.04.2019): САРАЕВО – ВРЕЛО БОСНЕ – МОСТАР

Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет до убавиот извор на реката Босна – Врело Босне и Мостар, градот кој со својата специфичност неретко е инспирација за културните дејци од Балканот... прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва... враќање во Сараево во вечерните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 28.04.2019): САРАЕВО – ВИШЕГРАД

Одјавување од хотелот и посета на Аваз Твист Кулата. Околу пладне заминување од Сараево, со попатна посета на Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ... Продолжување на патот за Македонија преку Р. Србија... ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

5 ден (понеделник – 29.04.2019): БИТОЛА

Пристигнување во Битола околу пладне.

 

Цена на аранжманот: 5.940,00 денари


Цената на аранжманот вклучува:

  • Организиран превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево
  • разглед на Сараево со стручен водич
  • посета на Вишеград
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • посета на Врело Босне и Мостар – 10€ по лице
  • организирана вечера – 15€ по лице (компл. мени, жива музика, без пијалоци)
  • влезница за Аваз Твист Кула
  • патничкото осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.