1 ден (четврток – 15.11.2018): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (петок – 16.11.2018): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од времето на пристигнување, можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 17.11.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи – Палатата на султаните (без влезници), Сината Џамија. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор или индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој и Ортакој. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 18.11.2018): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Понатаму продолжувме со посета на Цариградската Патријаршија со стручен локален водич. Во попладневните часови посета на трговски центар Форум и можност за посета на аквариумот. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови.  

 

5 ден (понеделник – 19.11.2018): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во претпладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 4.790,00 денари

-            Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот  

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Посета на трговски центар Форум
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм и Ускудар (стручен водич, карти за метро, посета на Девојачката Кула со брод) – 15€ по лице
  • Пешачки разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€ по лице
  • Посета на Кадикој и Ортакој со метро, брод и автобус – 15€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор – 15€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и СКТМ.