Логирање за регистрираните агенции

Корисничко име

Лозинка:

ГРАДСКО-ПРИГРАДСКИ АВТОБУСИ
 
Mercedes-Benz O 350 Tourismo

MAN

Mercedes-Benz O 304

ЦЕНТРАЛА: 047 228 185
МОБИЛЕН: 075 416 177
ГАРАЖА: 047 262 526
 
ТЦ. ПЕЛАГОНКА 2
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ББ
 7000, БИТОЛА
Р. МАКЕДОНИЈА

НОВА ГОДИНА СОФИЈА

1.ДЕН – БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала “Младост“ во 20:30. Поаѓање за Софија во 21:00. Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје, Купаново и г.п. “Деве Баир“. Ноќно патување со кратки попатни одмори.

2.ДЕН – СОФИЈА

Пристигнување во Софија во утринските часови. Сместување во хотел. Слободно време за шопинг или индивидуален разглед на градот. Вечерта – факултативно – ДОЧЕК НА НОВАТА 2009. ГОДИНА  со гала - вечера со богато мени и програма...Ноќевање.

3.ДЕН – СОФИЈА

Појадок. По појадокот – разглед на градот : црквата Александар Невски, Црквата Св.Софија, Руската Црква, Ротондата, Црквата Св.Недела, Собранието...слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Ноќевање.

4. ДЕН – СОФИЈА - БИТОЛА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време. Планирано поаѓање за Македонија околу 15.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.150,00 ден.

 

ПЕРИОД : 30.12.’08 – 02.01.’09

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во хотел со 4* (хтл. „РОДИНА“), Бугарската влезна виза, патничкото осигурување, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно – историските споменици.

 

НАПОМЕНА : Патникот е обврзан да благовремено ја достави документацијата за добивање на Бугарска виза. Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Агенцијата на сноси одговорност во случај на недобивање Бугарска виза и во тој случај се смета дека патникот се откажува од патувањето и средствата уплатени за аранжманот се враќаат. РОКОТ ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ВИЗА Е 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ !!!

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 05.12.2008 !!!

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА БУГАРСКА ВИЗА : ПАСОШ со минимум важност од 6 месеци од денот на враќањето во Р.Македонија, фото-копија од пасошот, 1 понова фотографија (пасошки формат) на светла позадина, пополнет формулар

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и АТАМ.