НОВА ГОДИНА РИМ
1 ДЕН : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 11.30 часот. Поаѓање за Драч во 12.00 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п.Ќафасан, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот.
2 ДЕН : БАРИ – РИМ Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Алберобело, најстарото салаш – село во Европа и посета на истото. Продолжување на патот за Рим. Пристигнување во Рим во касните попладневни сати. Сместување во хотел. Краток одмор. Вечерта – прошетка низ центарот на Рим...Ноќевање.
3 ДЕН : РИМ Појадок. По појадокот – заминување на панорамски разглед на Рим и Ватикан : базиликата „Св.Петар“, Ватиканските музеи, Систинската Капела, Адриановата палата, Пантеонот, Храмот на сите богови, Кампидолио, Форо Романо, Пјаца Венеција, Фонтана ди Треви, Пјаца Навона. Состанок на групата во 18.00 часот пред железничката станица Термини и враќање во хотелот. Слободно време. Вечерта – пречек на НОВАТА 2009. ГОДИНА на плоштадот Пјаца Венеција...Ноќевање.
4 ДЕН : РИМ Појадок. По појадокот – заминување за Рим и посета на базиликите „Санта Марија на Ангелите“, „Санта Марија Маџоре“, „Света Преседе“, „Свети Петар во Вериги“, Колосеумот, базиликата „Сан Клементе“ и базиликата „Свети Јован Крстител“ во Латерано. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг...состанок на групата во 21.00 часот пред железничката станица Термини. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН : ТИВОЛИ – БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за прекрасното место Тиволи и факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани...околу 12.00 часот – заминување за Бари, каде имаме посета на базиликата „Свети Никола“ (посета на гробот на светителот), базиликата „Сан Сабино“...собир на групата во 21.30 часот. Заминување кон пристаништето во Бари и сместување на брод.
6 ДЕН : ДРАЧ – БИТОЛА Пристигнување во Драч во утринските часови. Краток одмор. Поаѓање за Битола. Патот води преку Елбасан, г.п.Ќафасан, Струга, Охрид...пристигнување во Битола во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 17.340,00 денари.
ПЕРИОД : 29.12.2008 – 03.01.2009
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенавцедената релација, бродски превоз (траект со 1/4 кабини – 2 ноќевања) на релација Драч – Бари – Драч, 3 Н/П во хотел со 3*, разглед на градот со стручен водич, разглед на Ватикан и Тиволи со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, Италијанската влезна виза (2.700,00 ден.), патничкото осигурување (350,00 ден.). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Ватиканските музеи (заедно со Сикстинската Капела) – 15 € по лице, Тиволи – 10 € по лице
НАПОМЕНА : Патникот е обврзан да благовремено ја достави документацијата за добивање на Шенген виза. Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Агенцијата на сноси одговорност во случај на недобивање Шенген виза и во тој случај се смета дека патникот се откажува од патувањето и средствата уплатени за аранжманот се враќаат, додека средствата уплатени за Шенген виза се неповратни. РОКОТ ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ВИЗА Е 8 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ !!!
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 19.12.2008. !!!
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за ШЕНГЕН виза : Пасош (со важност од минимум 6 месеци), 1 понова слика на светла позадина (пасошки формат), копија од М1/М2 формулари, копија од Работничката книшка (стр. 1-5), копија од здр.книшка (стр. 1-4), копија од Здр. Плави картони, потврда од банка за поседување парични средства (платежна картичка) во висина од 250 €, како и решение од работа за одмор. За СТУДЕНТИ : копија од Индекс (1-2 страница како и страницата за ЗАВЕРЕН Семестар), документи од родителите (копија од М1/М2, копија од раб. Книшка, копија од Здр. Книшка, копија од здр. Плави картони).
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ТЕО ТРАВЕЛ и АТАМ.


